Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Енвидија“ и „Опен еј-ај“ со историски договор од 100 милијарди долари за нови дата-центри

by Уредник
23.09.2025
in Uncategorized
„Енвидија“ и „Опен еј-ај“ со историски договор од 100 милијарди долари за нови дата-центри

„Енвидија“ ќе инвестира до 100 милијарди долари во „Опен еј-ај“ за изградба на дата-центри со капацитет од најмалку 10 гигавати, опремени со нејзините напредни чипови. Средствата ќе се обезбедуваат во фази – првите 10 милијарди веднаш по потпишувањето на договорот, при што „Енвидија“ ќе добие и удел во „Опен еј-ај“.

Инвеститорите позитивно реагираа: акциите на „Енвидија“ пораснаа за 3,9%, а годинава компанијата бележи вкупен раст од околу 37%. Овој потег ја зацврстува позицијата на производителот на чипови како водечки играч во ВИ-инфраструктурата и главен снабдувач на „Опен еј-ај“, креаторот на ChatGPT, кој неделно го користат околу 700 милиони луѓе.

Проектот опфаќа до 5 милиони чипови на „Енвидија“, што е еднакво на нејзината годишна испорака, и според директорот Џенсен Хуанг претставува „џиновски проект“. Извршниот директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, нагласи дека компјутерската моќ е „основа за економијата на иднината“.

Договорот доаѓа во време на глобален бум на инвестиции во ВИ-инфраструктурата, кој се мери во трилиони долари. Иако постои загриженост за можен „балон“, аналитичарите сметаат дека партнерството меѓу „Енвидија“ и „Опен еј-ај“ има потенцијал да донесе најголемо влијание во индустријата.

Next Post
Дронови предизвикаа хаос на аеродромите во две европски држави – ова се деталите

Дронови предизвикаа хаос на аеродромите во две европски држави - ова се деталите

„Ако ДУИ продолжи да манипулира, ќе кажам за сѐ што го молеа Мицкоски“, вели Тачи

„Ако ДУИ продолжи да манипулира, ќе кажам за сѐ што го молеа Мицкоски“, вели Тачи

Препорачани Вести

Технички проблеми на две избирачки места

3 months ago
ОЈО Штип поднесе обвинение за малтретирање во вршење на службата и злоупотреби

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.