Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Владата ќе ја поништи концесијата за каменоломот кај Страчинце

by Уредник
24.09.2025
in Uncategorized

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце и се сретна со жителите кои со недели протестираат против отворањето на каменолом во нивната близина.

Меџити ги информираше дека министерството донело негативна одлука по барањето за започнување со работа на каменоломот, оценувајќи дека ваквата активност би имала сериозно негативно влијание врз животната средина, ризик од поплави, како и врз здравјето на жителите.

„Ова е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот. Конечно, институциите ја ставија заедницата и здравјето на луѓето на прво место“, изјави Меџити.

Тој додаде дека дозволата за работа на каменоломот била издадена пред неколку години од претходните влади, но оти Владата сега е подготвена да го затвори ова прашање. Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што ќе се разгледува на наредната владина седница.

Покрај ова, Меџити најави ангажман за пошумување и санација на регионот со цел враќање на природниот баланс.

Next Post
Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Samsung освои 47 признанија и 2 златни награди на Меѓународните награди за извонредност во дизајн (IDEA) 2025

Препорачани Вести

Активирани хеликоптери и повеќе тимови во гаснење на пожарот кај Чучер Сандево

Активирани хеликоптери и повеќе тимови во гаснење на пожарот кај Чучер Сандево

7 months ago
Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Драматичен пад на довербата: 82% од Французите немаат доверба во Макрон

4 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.