Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ќе гласаат 1,83 милиони граѓани: 112.000 со право на глас од странство

by
2025/09/26 17:42:52
in Uncategorized
Претстојните локални избори – клучен момент за заедниците во Македонија

Вкупно 1.832.415 граѓани се запишани во Избирачкиот список за претстојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на комисијата.

Од вкупниот број, 1.717.803 избирачи се запишани во редовните изводи на Избирачкиот список, додека 112.000 граѓани имаат право на глас од странство, бидејќи се на привремена работа или престој во други земји. Дополнително, право на глас имаат 2.162 лица кои се наоѓаат во притвор или издржуваат казна затвор и 450 избирачи од домовите за стари лица кои поднеле пријава за гласање.

На седницата едногласно беше донесена одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на локалните избори за советите на општините, Советот на Град Скопје, како и за градоначалници на општините и на Град Скопје. Граѓаните ќе гласаат со еден Избирачки список на гласачките места.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов, појасни дека во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои на 132 гласачки места се запишани помалку од десет избирачи. За овие лица гласањето ќе се спроведе на најблиското избирачко место со повеќе од десет гласачи. Општинските Изборни комисии во координација со подрачните и регионални канцеларии на ДИК ќе ги известат гласачите за промените.

До ДИК досега се поднесени четири барања за набљудување на изборите, од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи – Грузија, Амбасадата на Република Словачка во Северна Македонија, Централната изборна комисија на Украина и здружението „Институт за истражување и аналитика на политика Ромалитико“ од Скопје.

Next Post

Зеленски: Подготвени сме да ги вратиме териториите!

Нов скандал: Германците открија сомнителни дронови – се сомневаат за саботажа

Препорачани Вести

Направил 11 кражби за краток период

8 months ago
Дневен хороскоп за вторник – 27 мај: Еден знак денес не треба да презема никакви обврски!

Дневен хороскоп за вторник – 27 мај: Еден знак денес не треба да презема никакви обврски!

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.