Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нов неуспешен обид за замолкнување на гласот што ги разобличува бугарските политики и лажни наративи

by
2025/09/27 13:37:45
in Uncategorized
Нов неуспешен обид за замолкнување на гласот што ги разобличува бугарските политики и лажни наративи

Нападите врз весникот и вработените на „Нова Македонија“ се дел од поширока стратегија за влијание врз македонскиот јавен и медиумски простор

Написот на бугарскиот портал „Актуално“ во кој со лажни информации се напаѓа новинарот на „Нова Македонија“, Далибор Станковиќ, претставува класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација, а не за информирање. Целосно е јасно дека приложените документи се лажни и дека не станува збор за информирање, туку за проѕирен обид за дискредитација, медиумска контрола и за политичко влијание.

Во написот, покрај спорните документи, остро се критикува и авторската работа на Станковиќ во „Нова Македонија“, со цел тој да се прикаже како лицемерен, неавтентичен или платеник, во очигледен обид за поткопување на неговата јавна позиција, како и на медиумот во кој тој работи

Организираната кампања против весникот „Нова Македонија“ и понатаму продолжува, овој пат преку напис на бугарскиот портал „Актуално“ (Actualno.com) објавен завчера (беше преземен и од македонскиот портал „Трибуна“), во кој неосновано се тврди дека нашиот колега Далибор Станковиќ поднел молба за бугарско државјанство и се декларирал како Бугарин. Притоа споменатиот бугарски портал споделува и наводни документи со кои се обидува да ги поткрепи неоснованите тврдења. Меѓутоа споменатите документи не содејствуваат со личните податоци на Станковиќ, кој е роден во Скопје, а не во Куманово, додека имињата на неговите родители исто така не се оние што се наведуваат во документите. Приложената фотографија во споменатите документи исто така потврдува дека не станува збор за новинарот на „Нова Македонија“, туку за друго лице (кое не наликува на Станковиќ) со потекло од Куманово, кое во 2013 година поднело барање за бугарски пасош.

Бугарскиот портал „Актуално“, според прегледот на достапните информации, не наведува конкретен извор или линк до официјални институции за документите што ги објавува во врска со новинарот Станковиќ. Оттаму самоволно и без поткрепа тврдат дека тој поседува молба за бугарско државјанство, преку уверение од поранешната Државна агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) и декларација за бугарско потекло. Но нема директна потврда од бугарски државни институции, ниту транспарентен начин за проверка на автентичноста на документите. Очигледно е дека постои недостиг од проверливост на документите, со што се намалува нивната кредибилност. А тоа претставува класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација, а не за информирање. Целосно е јасно дека документите се лажни и дека не станува збор за информирање, туку за проѕирен обид за дискредитација, медиумска контрола и за политичко влијание.

Целиот текст на Нова Македонија 

Next Post

Божиновска: Македонскиот рубин ќе стане амбасадор на земјата

„Русија ги тестира НАТО и Европа“

„Русија ги тестира НАТО и Европа“

Препорачани Вести

Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеи“ осомничен за поткуп на европратеници

10 months ago
На еден хороскопски знак му е пишано да стане милионер оваа есен – го очекува финансиски пресврт

На еден хороскопски знак му е пишано да стане милионер оваа есен – го очекува финансиски пресврт

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.