Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Касами: Али Ахмети преку банки го внесе „српскиот свет“ во Македонија

by
2025/09/27 15:58:40
in Uncategorized

На денешната прес-конференција, Биљал Касами од движењето ВЛЕН, изнесе сериозни обвинувања против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поврзани со продажба на акции од семејната фирма „АС Сењак“ на белградската Алта Банка, за која Касами тврди дека е во тесна врска со режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Касами ова го нарече „најголема политичко-финансиска афера“ која директно ја поврзува фамилијата на Ахмети со српските структури:

Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на Албанска Банка, но ни донесе српска банка.

Време дојде Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години.

Време дојде да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет.

Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија.

Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија.

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Денес пред вас изнесуваме докази за најголемата политичко-финансиска афера што го поврзува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со режимот на Александар Вучиќ во Србија.

Фирмата „АС Сењак“, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола.

Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ.

Оваа продажба се случила на 17.09.2025.

Само пред десет дена.

Еве го доказот. (Го покажува листот од Централен депозитар)

Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.

Директна продажба на имот од фамилијата на Али Ахмети на Алта Банка од Белград.

Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ.

Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија.

Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ.

Денес можеме да кажеме,

Али Ахмети преку бизнис и банки го внесе српскиот свет во Македонија.

ДУИ дваесет години манипулира со граѓаните зборувајќи за патриотизам, а зад завесата распродава капитал на српскиот режими.

Со ова, Али Ахмети и неговите луѓе директно го ставаат под ризик финансиски систем и ја прават државата зависна од Белград.

Албанците повторно ги враќаат во зависност на српскиот центар.

ВЛЕН јавно го обвинува Али Ахмети дека е финансиски партнер на Александар Вучиќ и дека ја користи својата политичка моќ за лични и семејни бизнис интереси.

Граѓаните треба да знаат дека ДУИ не е политичка партија што ги брани Албанците во Македонија.

ДУИ е приватна фирма на Али Ахмети која служи за перење пари, за корупција и лично богатење.

Али Ахмети овие денови ќе зборува и ќе се правда дека не знаел и не му кажале, дека сватот и сопствениот син не му кажале, дека се возрасни и сами тераат бизнис.

Му порачуваме дека имаме докази за целата поврзаност.

Му порачуваме да си го собере срамот и да се повлече.

Али Ахмети, твојата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ.

Али Ахмети, доказите ќе ги види и јавноста и органите на државата.

Ова е само мал дел од целата афера и поврзаност на Али Ахмети со сите антиалбански структури во регионот. Јавноста ќе види се.

Времето на лаги заврши.

Времето на вистината и промените дојде.

Next Post

Меџити: Инвестициите во Бит Пазар се инвестиции во економската иднина на Чаир

Ѓорѓиевски: „Паркот на еднаквоста“ ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Препорачани Вести

ВИДЕО: Македонските лавови од Австралија! Навивачите на Престон славеа голема победа

10 months ago
Судир на два воза во Словачка: повеќе повредени, во тек евакуација на патници

Судир на два воза во Словачка: повеќе повредени, во тек евакуација на патници

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.