Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка – НАТО предупредува на зголемени закани од дронови

by
2025/09/28 22:17:09
in Uncategorized

Втора вечер по ред, над данското небо се појавија неидентификувани дронови, потврди Министерството за одбрана на Данска. Инцидентите, кои се случија во близина на воени бази и доведоа до привремено затворање на аеродромот во Копенхаген, предизвикаа реакција на НАТО. Алијансата најави засилување на мисијата на Балтичкото Море со испраќање фрегата за противвоздушна одбрана и дополнителни средства за надзор.

НАТО вечерва објави и фотографија од најголемиот носач на авиони во светот – американскиот USS Gerald R. Ford, кој заплови во норвешките води, во Ослофјордот. „Ова не се гледа секој ден“, стои во објавата на Алијансата.

Слични случаи со дронови се регистрирани и во Норвешка, во близина на базата Ørland, каде полицијата потврди дека воени безбедносни тимови забележале летала и јужно и северно од пистата.

Засилувањето на присуството е дел од мисијата „Балтички стражар“, активирана уште во јануари по серијата оштетувања на подморски кабли и гасоводи. Ситуацијата добива дополнителна тежина во пресрет на самитот на Европската политичка заедница што неделава ќе се одржи во Копенхаген.

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгонe, истакна дека Алијансата веќе развива протудронски мерки во соработка со командата во Норфолк, САД. „Мораме да најдеме баланс помеѓу заканата и трошоците. Во моментов користиме авиони Ф-35 и Ф-18, но бараме поекономични решенија“, рече тој.

На вежби во Хамбург, како и во Португалија и Холандија, беа тестирани нови технологии за неутрализирање на дронови, и на воздух и под вода. Дел од системите се дизајнирани за урбани средини и користат методи за фаќање и контролирано приземјување, наместо оружје, со цел да се избегне колатерална штета.

„Сведоци сме на ситуација каде скапи борбени авиони се користат за пресретнување евтини дронови, произведени со 3D технологија. Нашата цел е да создадеме поевтини и ефикасни одговори“, нагласи контраадмирал Масимилијано Роси од Командата за специјални операции на НАТО.

Некои од новите решенија, додаваат од Алијансата, инспирација црпат дури од воздушните битки со цепелини пред повеќе од еден век.

Next Post
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за понеделник - 29 септември: Еден знак денес треба да биде навистина претпазлив

Само овие 3 знаци ќе уживаат во 9 години благосостојба: Среќата и успехот ќе ги следат без престан до 2034 година

Само овие 3 знаци ќе уживаат во 9 години благосостојба: Среќата и успехот ќе ги следат без престан до 2034 година

Препорачани Вести

Се тресеше Балканот: Два земјотреса во две соседни земји

Балканот повторно се тресеше, регистриран нов земјотрес

8 months ago

Украинските единици се повлекоа од Северск

5 days ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.