Wednesday, February 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе блесне, не правам поделби туку обединувам

by Уредник
29.09.2025
in Uncategorized

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на првата прес-конференција во рамки на локалната кампања истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата на главниот град.

„Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека токму состојбите во Град Скопје биле мотив за неговата кандидатура, со цел од, како што рече, „руинирана состојба“ да се направи град со кој сите ќе се гордеат.

„Имам одлична советничка листа, имам експерти, домашни и меѓународни, за секој од столбовите со ветувања да се реализира. Јас сум спремен да не се штедам и до последен атом да се вложам“, порача кандидатот.

Ѓорѓиевски подвлече дека сака да настапи како обединувач, а не како политичар што создава поделби:

„Дел од тие луѓе можеби ќе бидат вклучени во мојот тим, можеби дел од нивните идеи од програмите ќе бидат реализирани од нас. Не правам поделби. Сакам да обедувам и да работам. Резултатите во мојата општина Кисела Вода ми даваат најголем кредибилитет“.

Next Post
Молдавија останува на европскиот пат: Победата на Санду е триумф и за Брисел

Молдавија останува на европскиот пат: Победата на Санду е триумф и за Брисел

Судот до крајот на неделата ќе ја донесе одлуката за обвинителниот акт за „Пулс“

Судот до крајот на неделата ќе ја донесе одлуката за обвинителниот акт за „Пулс“

Препорачани Вести

Уапсено лицето кое Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Уапсено лицето кое Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

8 months ago
Сергеј Лавров пристигна во Северна Кореја – нова етапа во соработката меѓу Москва и Пјонгјанг

Сергеј Лавров пристигна во Северна Кореја – нова етапа во соработката меѓу Москва и Пјонгјанг

7 months ago

Популарни Вести

  • Истрагата за трагедијата во Бугарија: култ, самоубиства или нешто повеќе?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По застој од четири години, обновена комуникацијата меѓу Организација на жени и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бизарна кражба во Турција: Со виљушкар влетал во златарница, украл злато и побегнал на магаре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе бидат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем дел од Тетово утре ќе остане без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.