Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израелски медиуми: Армијата ги запира нападите врз Газа по наредба на Трамп

by
2025/10/04 11:11:02
in Uncategorized
Израелски медиуми: Армијата ги запира нападите врз Газа по наредба на Трамп

Според извештаите на израелските медиуми, меѓу кои јавниот сервис „Кан“ и военото радио, израелската армија (ЦАХАЛ) добила наредба да ги прекине сите воени операции во Појасот Газа и околните подрачја.

Како што наведуваат извори од израелскиот воен врв, одлуката е донесена откако американскиот претседател Доналд Трамп преку видео-обраќање го повика Израел да ги запре нападите, тврдејќи дека Хамас го прифатил неговиот мировен предлог за прекин на конфликтот.

Военото радио пренесува дека новата наредба предвидува значително намалување на борбените активности, со дозвола исклучиво за „одбранбени маневри“ на единиците кои веќе се распоредени на терен. Наводно, одлуката уследила по ноќните разговори меѓу израелски и американски официјални претставници.

Истовремено, јавниот сервис „Кан“ објави дека преговорите за мировната иницијатива на Трамп би требало да започнат наскоро.

Трамп во својата порака нагласи дека планот сè уште не е целосно дефиниран, но според соопштението на Хамас, постои изразена подготвеност за „траен мир“.

„Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа за да можеме безбедно и брзо да ги ослободиме заложниците. Во моментов е премногу ризично тоа да се прави. Работиме на деталите. Ова не е само прашање на Газа, туку и на траен мир на Блискиот Исток“, порача Трамп.

Next Post
Околу 80% срцеви заболувања може да се спречат: Лекар советува 5 дневни навики за намалување на ризикот од инфаркт

Околу 80% срцеви заболувања може да се спречат: Лекар советува 5 дневни навики за намалување на ризикот од инфаркт

Во овие градови, живеат најмногу милионери! Еден од нив има повеќе од 384.000 милионери

Во овие градови, живеат најмногу милионери! Еден од нив има повеќе од 384.000 милионери

Препорачани Вести

ЗИМАТА ЌЕ НИ ГО ЗАДАДЕ НАЈГОЛЕМИОТ УДАР ДОСЕГА: Температурите од среда 19 февруари, па натаму паѓаат под -15 степени!

10 months ago
finansiska

Голема полициска акција во Прилепската болница – има уапсени

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.