Путин и Нетанјаху телефонски разговараа за планот на Трамп за Газа
Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес одржаа телефонски разговор во кој разменија ставови за актуелната состојба на Блискиот Исток.
Според соопштението од Кремљ, во фокусот на разговорот бил американскиот план на претседателот Доналд Трамп за завршување на конфликтот во Газа.
Двајцата лидери, исто така, разговарале за можни усогласени решенија поврзани со иранската нуклеарна програма и за понатамошна стабилизација на ситуацијата во Сирија.
Истовремено, во Египет пристигнаа претставници на Израел и Хамас за првата рунда преговори за ослободување на заложниците и затворениците, како и за можен прекин на огнот.
Нетанјаху претходно изјави дека очекува сите заложници да се вратат во Израел во наредните неколку дена.









