Connect with us

Скопје

Лишени од слобода двајца криминалци, се обиделе да избегаат од полициска патрола

На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.

Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

Скопје

Скопската железничка станица се враќа во живот по две децении

Еден од приоритетите на новата влада е вложувањето во инфраструктурата, вклучително и железничкиот сообраќај, како товарен така и патнички. Покрај набавката на нови локомотиви и вагони, значајна инвестиција е обновата на железничката станица во Скопје, која ќе ја врати својата функција од пред 15-20 години, кога објектот се руинираше и стана нефункционален.

Почна чистењето и средувањето на станицата, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница и им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се реализира во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација.

Continue Reading

Скопје

Започна редизајнот на железничката станица во Скопје

Скопје – Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.

Continue Reading

Скопје

Голем дефект на „Крсте Мисирков“ – утре без вода клучни институции и делови од центарот на Скопје

voda

Утре од 7 часот наутро значаен дел од централното градско подрачје ќе остане без вода поради дефект на водоводната линија на булевар „Крсте Мисирков“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот ќе ги опфати објектите на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булевар „Крсте Мисирков“.

Од претпријатието информираат дека екипите ќе работат интензивно на терен и дека водоснабдувањето ќе биде вратено веднаш по отстранување на дефектот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг