Connect with us

Македонија

Лишени од слобода седум возачи во Тетово, Куманово, Крива Паланка и велешко, управувале возила по дејство на алкохол и со брзина многу поголема од дозволената

На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка. Претходно, на истата улица, тој со возилото „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал со сообраќајна незгода со возило „ауди“ со кривопаланчки регистарски ознаки во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека С.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,33 промили алкохол во крвта, по што тој агресивно се однесувал кон нив при вршење на службените дејствија.

На 12.10.2025 во 11:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта.

На 12.10.2025 во 14:31 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службениц од СВР Тетово го лишија од слобода С.А.(50) од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал возило „ауди“ со брзина од 108 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

На 12.10.2025 во 15:10 на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105 киометри на час на место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.
На 12.10.2025 во 15:12 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ј.(19) од с.Слатино, тетовско, кој управувал возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.

На истото место кај наплатната станица Желино, во 15:44 часот од слобода е лишен и К.М.(28) од Радовиш затоа што радар било констатирано дека управувал патничко возило „фоилксваген артеон“ со радовишки регистарски ознаки со брзина од 173 километри на час, односно 73 километри на час повеќе од дозволеното.

На 12.10.2025 во 20:20 часот на локален пат Раштани-Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(57) од Велес. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал со патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки и патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од село Бузалково, во која со телесни повреди се здобиле Р.С. и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општа болница Велес, било утврдено дека З.Ј. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Advertisement

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг