Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Продолжува процесот за „Штекли“ – Детали од судењето

by Уредник
13.10.2025
in Uncategorized

Во Кривичниот суд денеска започна главната расправа за случајот „Штекли“, кој се однесува на организирана група за недозволена трговија со дрога. Првообвинетиот Раде Трајковски – Штекли, на прашањето на судот дали се чувствува виновен, изјави дека „не го разбира обвинението“, додека останатите обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.

Покрај Трајковски, обвинети се и Петар Златановски, Стефан Китанов, Александар Вучевски, Стојан Иванов и Филип Таневски. Сите пред судот потврдија дека го разбираат обвинението, но дека не се виновни.

Обвинителката Верица Бержетска Крстевска од Обвинителството за гонење на организиран криминал, во воведниот збор истакна дека групата била добро организирана и се занимавала со набавка, транспорт и продажба на кокаин и марихуана, преку мрежа на посредници под контрола на Штекли.

„Раде Трајковски – Штекли бил организатор и координатор на групата, во контакт со странски и домашни посредници. Во неговиот дом, возило и мобилен телефон се пронајдени бројни докази што укажуваат на неговата централна улога во набавката и продажбата на дрога“, рече обвинителката Крстевска.

Одбраната на Трајковски, предводена од адвокатот Сашко Дуковски, ги негираше обвиненијата, наведувајќи дека „Трајковски ниту формирал, ниту организирал група, ниту давал наредби“. Дуковски додаде дека доказите од посебните истражни мерки не содржат ништо што би ја потврдило вината на неговиот клиент и ја доведе во прашање надлежноста на Обвинителството за ГОКК во случајот.

Според одбраната, не може да се зборува за организирана група бидејќи дел од обвинетите меѓусебно не се познавале, а кај некои биле пронајдени минимални количини дрога – под еден грам.

Следното рочиште е закажано за 15 октомври, кога ќе продолжи изведувањето на доказите на Обвинителството.

Случајот „Штекли“ опфаќа вкупно 10 лица, а истрагата траела речиси една година, со спроведени посебни истражни мерки. Првично биле обвинети 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Дел од обвинетите дрогата ја продавале по 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин, а марихуаната по 200 до 300 денари за грам. Комуникацијата, според Обвинителството, се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучните докази биле добиени преку системот Cellebrite, донација од САД.

Next Post

Поплави ја пустошат Каталонија: пороите носат автомобили, жителите заробени во возила

mickoski

„Судиите со два проценти рејтинг треба да си заминат“ – порача Мицкоски

Препорачани Вести

mkc

Тивкото повлекување на МКЦ: кога сцената престана да создава

1 month ago

Василевска учествува на Меѓународниот парламент за толеранција и мир во Чад

4 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.