Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне на 19 ноември

by
2025/10/16 08:59:04
in Uncategorized
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне на 19 ноември

Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март загинаа 63 лица, меѓу кои и шест малолетници, а повеќе од 200 беа повредени, ќе започне на 19 ноември во судницата на затворот „Идризово“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Според соопштението, обвинителниот акт што првично го поднесе Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа беше префрлен во надлежност на Јавното обвинителство Скопје, е целосно одобрен и распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска.

Од Судот наведуваат дека, поради лично познанство со дел од оштетените, судијките Тамара Витларова–Смилевска и Илина Смичковска–Илиевска се изземаа од постапувањето по предметот. Како втор член на судечкиот совет е назначен судијата Ахмед Идризи.

За да се обезбеди ефикасно и економично судење, веќе се закажани неколку термини за главна расправа — 25 и 26 ноември, како и 2, 4, 10 и 11 декември 2025 година. По почетокот на процесот, ќе бидат усогласени и дополнителни рочишта. Судот потврди дека поканите до сите странки се во фаза на достава.

На обвинителна клупа ќе седнат 37 лица, меѓу кои се сопствениците на дискотеката, членови на нивните семејства, архитект, поранешни градоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери.

Според обвинението, со години се толерирале и прикривале сериозни прекршувања на законите, а на дискотеката ѝ било дозволено да работи и покрај тоа што не ги исполнувала ни основните стандарди за безбедност, што резултирало со една од најтешките трагедии во поновата историја на Македонија.

Next Post
СЛОБОДАТА НА ЕВРОПА: Германската полиција приведе 14 годишно девојче бидејќи протестирало за Палестина

Венецијанската комисија предлага јавниот обвинител да се ограничи со уставни измени

Насилен судир меѓу полицијата и лекари во Атина за време на посетата на Мицотакис во болницата „Атикон“

Насилен судир меѓу полицијата и лекари во Атина за време на посетата на Мицотакис во болницата „Атикон“

Препорачани Вести

Ѓорческа по водството, елиминирана од првата носителка на турнирот во Унгарија

Ѓорческа по водството, елиминирана од првата носителка на турнирот во Унгарија

10 months ago

Книга со вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.