Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Познато е што прво ќе бидe гаѓано со „томахавк ракети“: Русија на нозе – удар врз најчувствителното на Путин

by
2025/10/16 10:08:00
in Uncategorized
Познато е што прво ќе бидe гаѓано со „томахавк ракети“: Русија на нозе – удар врз најчувствителното на Путин

Украина, доколку добие американски крстосувачки ракети „Томахавк“, ќе ги користи за напади врз руските нафтени рафинерии — изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, пренесува британскиот „Гардијан“.

„Русија е толку голема што невозможно е сите цели да се заштитат со противвоздушна одбрана“, рече Сикорски, додавајќи дека нападите врз енергетските капацитети би можеле да бидат следната фаза од украинската стратегија, доколку Вашингтон ја одобри испораката на ракети со долг дострел.

Сикорски истакна дека сè повеќе европски лидери стануваат скептични кон продолжувањето на војната и нејзините резултати. Тој наведе дека унгарскиот премиер Виктор Орбан наводно му рекол на Доналд Трамп дека „Русија секогаш на крајот победува“.

Британските медиуми ја толкуваат оваа изјава како сигнал дека во европските политички кругови се шири недоверба кон украинските воени цели, особено во момент кога Западот покажува замор од конфликтот, а поддршката за Киев опаѓа.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во петок ќе престојува во Вашингтон, каде што официјално ќе побара од американскиот претседател Доналд Трамп испорака на ракетите „Томахавк“.

Според американски извори, првата цел – доколку испораката биде одобрена – би бил рускиот центар за производство на ракети. Вашингтон сè уште нема донесено конечна одлука, но руските власти веќе предупредија дека евентуалната употреба на „Томахавк“ би значела сериозна ескалација на конфликтот и „директен удар врз стратешката безбедност на Русија“.

Next Post

Акциска контрола во тетовско - МВР со детали

Четири лица од Скопје заработија кривична пријава за изнуда и лихварство: И ѕвонеле на мајка и насилно се однесувале кон нејзиниот син

Акциска контрола во тетовско: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

Препорачани Вести

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

5 months ago

Коњановски во интервју за ТВ Тера: „Фокус на Драгор, сообраќајот и јавната безбедност“

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.