Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дронови ја „тресеа“ Москва цела ноќ – соборени над 190 летала

by
2025/10/27 08:59:26
in Uncategorized
Дронови ја „тресеа“ Москва цела ноќ – соборени над 190 летала

Москва синоќа беше цел на масовен напад со дронови, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој цела ноќ известуваше за состојбата во рускиот главен град.

Според неговите информации, руската противвоздушна одбрана соборила 34 украински дронови кои летале кон Москва, пренесува The Kyiv Independent.

Подоцна, руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно биле пресретнати 193 дронови над територијата на земјата, од кои 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 летала биле насочени директно кон главниот град. Овие податоци, сепак, не можеа да бидат независно потврдени. Поради заканата од дронови, привремено беше прекината работата на московските аеродроми Домодедово и Жуковски.

Според руски канали на „Телеграм“, експлозии се слушале во повеќе делови од градот и околните области, меѓу кои и во населбата Комунара. Градоначалникот Собјанин изјави дека засега нема пријавени жртви, но дека итните служби се испратени на сите места каде што паднале дронови.

Во вечерните часови избувнал и пожар во нафтено складиште во Серпухово, во Московската област. Каналот Astra објави дека пожарникарските екипи успеале да го локализираат пожарот, додека локалните власти сè уште не го соопштиле причинителот на инцидентот.

Украинските власти не го коментираа најновиот напад. Киев веќе со месеци користи дронови со долг дострел за напади врз воени и индустриски цели на територијата на Русија, како што се рафинерии и фабрики за оружје. Сличен напад со 34 дронови беше регистриран и на 22 септември.

Истовремено, Русија продолжува со масовни ракетни и дронски напади врз украинските градови. Во последните две ноќи, при нападите врз Киев загинаа пет лица, а повеќе десетици беа повредени. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија во изминатите седум дена ја нападнала Украина со речиси 1.200 борбени дронови и 50 ракети.

Next Post
Од ветрот паднати дрвја на Градското шеталиште во Битола

Од ветрот паднати дрвја на Градското шеталиште во Битола

Имамоглу пред суд во Истанбул: нова истрага за шпионажа против ривалот на Ердоган

Имамоглу пред суд во Истанбул: нова истрага за шпионажа против ривалот на Ердоган

Препорачани Вести

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

10 months ago

Потпишување договор за прекуграничниот тунел на Коридорот 8

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.