Connect with us

Балкан

Македонско друштво „Илинден“-Тирана активно во работната група на ФУЕН за словенски малцинства

Претседателот на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) Хартмут Лајпнер

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа.

Секој од нас имаше кратка презентација и околу проблемите што ние Македонците ги имавме, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Advertisement

Балкан

Брисел притиска: Албанија мора да врати 33,5 милиони евра по откриените злоупотреби со ИПАРД фондовите

Европската Унија официјално побара од Албанија да врати 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2, по утврдените нерегуларности во користењето на средствата во периодот 2020–2022 година, објави „Лајме јаворе“. Одлуката доаѓа по деталната истрага на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), која идентификувала 52 случаи на злоупотреба на фондови наменети за албанските земјоделци и агро-прехранбениот сектор.

Во изјава за А2 CNN, Европската комисија била јасна: секој евроцент што бил искористен нерегуларно мора да биде вратен, нагласувајќи дека Тирана мора со „најголема сериозност“ да пристапи кон проблемот.

Локалните медиуми предупредуваат дека Албанија е најлошо рангирана во регионот по злоупотребени средства, дури полошо и од Турција. Дополнителен удар е суспензијата на финансирањето од ИПАРД 3 – вкупно 146 милиони евра, од кои 112 милиони се средства од Европската Унија. Доколку владата не спроведе корективни мерки, ризикува целосно губење на средствата до 2027 година.

Европската комисија потврдува дека е во тек билатерална постапка за да се утврди дали албанските институции ќе успеат да ја повратат довербата во системот.

Паралелно, предметот го отвори и албанското Специјално обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК), кое истражува како биле распределувани средствата, кој бил корисник, и кои институции или поединци стојат зад злоупотребите.

Continue Reading

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading

Балкан

Софија на раб на институционален колапс: нефункционалните власти создаваат длабока криза што ја парализира државата

Бугарија тоне во длабока политичка криза, а улиците на Софија вријат од незадоволство. Платото во центарот на градот, наречено „Триаголник на моќта“ – просторот пред парламентот, владата (министерскиот совет) и претседателската палата, деновиве е преполно со граѓани, пред сѐ млади, кои гласно го изразуваат своето незадоволство од актуелната владина политика.

Причината за оваков хаос беше контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, кој предвидуваше зголемување на придонесите за пензиско и социјално осигурување, додека истовремено ги зголемуваше платите на пратениците и државните службеници. Ова беше сфатено како директна навреда: „Платите на политичарите пред потребите на обичните граѓани“. Иако владата првично вети дека ќе го повлече буџетот под притисок, нејзиното премислување доведе до уште пожестоки и масовни протести низ целата земја.

Како што се наведува, ова се „најголемите антикорупциски протести во последната деценија во Бугарија“. Граѓанскиот притисок беше толку силен, што Владата на крајот мораше да попушти и да го повлече буџетот. Сепак, тоа не ја смири ситуацијата, напротив.

Според анкетите, над 70% од граѓаните ги поддржуваат протестите, а околу половина бараат оставка на владата. Кризата е повеќеслојна, а институциите покажуваат тешки симптоми на нефункционалност и дезориентираност.

Оваа нова бура е само кулминација на долгогодишна, длабока криза. Со години, Бугарија е на врвот на листата како најкорумпирана држава во ЕУ и на дното по слободата на медиумите.

Централна фигура во оваа нестабилност е партијата ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој со деценија доминираше на политичката сцена. Иако првично настапи со антикорупциска реторика, со текот на времето и самиот беше доведен во врска со бројни корупциски афери.

Паралелно со него, се наметна и моќната фигура на Делјан Пеевски, медиумски магнат и олигарх, опишан од „Репортери без граници“ како „најозлогласен симбол на корупцијата“. Токму неговото контроверзно назначување за шеф на контраразузнавачката служба во 2013 година предизвика масовни протести. Пеевски, кој подоцна беше санкциониран од САД и Велика Британија според законот „Магнитски“, сега е лидер на партијата ДПС и се обвинува за саботирање на преговорите.

Серијата од седум избори за четири години ја докажува институционалната парализа. Иако Борисов конечно успеа да состави нова влада во јануари 2025 година, враќањето на старите лица на власт само го продлабочи разочарувањето кај реформскиот блок.

Кризата се случува само дваесетина дена пред Бугарија да ѝ се приклучи на еврозоната и да го воведе еврото! Граѓаните се загрижени дека спорниот буџет ќе го зголеми јавниот долг и ќе ја поттикне инфлацијата. Јавната поддршка за воведувањето на еврото е минимална – само 15% го поддржуваат влезот во јануари.

Повлекувањето на буџетот не е крај, туку нов почеток на кризата. Опозицијата веќе поднесе иницијатива за недоверба, а претседателот Румен Радев ги критикуваше властите за „продлабочување на беззаконието и поделбите“ и повика на нови избори.

Во услови на оваа длабока политичка дезориентираност на официјална Софија, аналитичарите предупредуваат:

„Бесмислено е да се бара стабилен соговорник во Софија со кого би се разговарало, па и преговарало по кое било прашање што се однесува на надворешната политика или односите со соседите.“

Според нив, Бугарија уште долго ќе се наоѓа во „политичка нокдаун-ситуација“. Постои страв дека дури и да се договори нешто, „институционалната меморија на Софија ќе биде подложна на амнезија, по што ќе се врати на старите анахрони патеки на хегемонија.“

Сепак, оваа нестабилност се гледа како можност за Македонија, давајќи ѝ време да бара „креативни решенија“ со Вашингтон или Брисел во делот на евроинтегративните предизвици, кои Бугарија досега ги опструираше.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг