Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading

by Уредник
27.10.2025
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.

 „ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече министерката Божиновска.

Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.

 „ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.

На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.

Next Post

Анкара реагира по апсењето на турски државјани во Подгорица: „Ги преземаме сите мерки за нивна безбедност“

МБИ10 со пад од 0,15%, обврзничкиот пазар без активности

Препорачани Вести

Тетовец приведен поради агресивно однесување кон полицијата

12 months ago

Иран повеќе од 48 часа без интернет – милиони граѓани отсечени од информации и комуникација

7 months ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.