Connect with us

Магазин

Премиера на краткиот филм чиј потпис го носи RM од групата BTS, во соработка со компанијата Samsung, ја прикажува радоста на уметноста во домот преку Samsung Art TV уредите

Претставувајќи ги моделите The Frame Pro и Neo QLED 8K, новиот краток филм со RM од BTS покажува како напредните Art TV екрани на Samsung и ексклузивната содржина овозможуваат пристап до уметност од светска класа во удобноста на вашиот дом.

Скопје 28 Октомври 2025. – RM од BTS, светски познатата поп група на 21 век, премиерно го претстави новото глобално дигитално остварување во рамките на својата постојана соработка со компанијата Samsung Electronics и својата улога како глобален амбасадор на Samsung Art TV уредите. Краткиот филм, објавен за време на саемот Art Basel Paris (24 – 26 октомври), нуди интимен поглед во личната поврзаност на RM со уметноста и прикажува како Samsung Art TV уредите го внесуваат визуелниот квалитет од музејско ниво во секојдневните простори.

Надоврзувајќи се на своите разговори од саемот Art Basel во Базел 2025 година, каде Samsung беше официјален Art TV партнер, RM ги споделува своите размислувања за тоа како уметноста може да внесе радост и смисла во секојдневниот живот. Краткиот филм прикажува како тој внимателно избира уметнички дела што ја одразуваат емоцијата и сезоналноста, славејќи ја изразената енергија и оптимизмот на делото на Keith Haring „Dancing Dog“, како и претставувајќи есенски избори како делото „Spirit of Mountain“ од авторката Lee Shinja и „Super Moon“ од уметницата Natasha Durley, кои будат чувство на смиреност и лиричност на есенскиот пејзаж.

„За мене уметноста отсекогаш била начин да размислувам, да се поврзам и да најдам смисла во секојдневните моменти,“ изјави RM. „Возбудливо е тоа што уметничките дела кои мене ме инспирираат сега можат да ги доживеат сите – во сопствениот дом. Со Samsung Art TV можам да внесам свет на креативност во својот простор – и се надевам дека и другите ќе бидат поттикнати да ја истражат уметноста во своето опкружување.“

Линијата на Samsung Art TV ја спојува напредната технологија на приказ со естетскиот дизајн, за секое уметничко дело да оживее во детали верни на визијата на уметникот. Мат-екранот на моделот The Frame го минимизира отсјајот и верно ја прикажува текстурата на вистинско платно, додека Neo QLED екраните нудат извонреден контраст, длабочина и бои благодарение на Quantum Dot и Mini LED технологијата, пренесувајќи ја секоја нијанса на потегот со четка и светлината.

Преку Samsung Art Store, достапен на моделот The Frame и другите Art TV уреди, корисниците можат да пристапат до колекција со повеќе од 4.000 уметнички дела од познати музеи и галерии. Благодарение на интуитивните опции за избор на уметност, тие лесно можат да го претворат својот дом во лична галерија.

Samsung Art Store е услуга за претплата на уметнички дела, достапна на Samsung Art TV уредите, вклучувајќи ги моделите MICRO LED, Micro RGB, The Frame, NEO QLED и QLED. Во моментот е достапна во 117 земји низ светот и нуди повеќе од 80 партнери и 4.000 уметнички дела во 4K резолуција. Преку Samsung Art Store, претплатниците можат да уживаат во уметноста на светски познати галерии и уметници во својот дом, и секојдневно да ги користат уметничките дела за создавање нови ентериерни амбиенти.

„Samsung Art TV уредите им овозможуваат на сите да живеат опкружени со уметност и секој ден да наоѓаат инспирација во неа,“ изјави Hun Lee, извршен потпретседател на одделот за визуелни прикази (VD Business) во Samsung Electronics. „Постојаната амбасадорска улога на RM ја одразува нашата заедничка верба дека уметноста го добива своето вистинско значење дури кога станува дел од секојдневниот живот.“

Преку оваа соработка, Samsung продолжува да ги проширува можностите за доживување на уметноста и технологијата во домот – надоврзувајќи се на својата традиција како водечки светски бренд на телевизори веќе 19 години по ред и потврдувајќи ја својата посветеност кон тоа културата да стане подостапна преку иновациите.

За повеќе информации посетете www.samsung.com

Advertisement

Балкан

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

Неверојатен физички подвиг привлече внимание ширум светот откако 16-годишниот Керим Ахметспахиќ од Босна и Херцеговина официјално постави нов светски рекорд во скршување бетонски блокови со глава.

На настан во босанскиот град Високо, организиран пред комисија на Гинисовата книга на рекорди, Ахметспахиќ во рок од само 35 секунди успеа да скрши 111 блокови со својата глава, што претставува досега невиден рекорд во оваа дисциплина.

Младиот шампион, кој е и црн појас во таеквондо, ги постави блоковите во колони и со прецизни удари ги разбиваше еден по еден, демонстрирајќи неверојатна сила и контрола. Движењето настанот предизвика громогласен аплауз од присутните, кои со восхит го следеа секој негов потег.

Овој подвиг е признат од страна на официјални претставници на Гинисовите рекорди како нов најголем број бетонски блокови скршени со глава, што значително го надминува претходниот рекорд.

Постигнувањето на Ахметспахиќ не само што го запиша негoвото име во историјата на рекордите, туку и ја истакна важноста на дисциплината, тренингот и физичката подготвеност во екстремни услови.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Магазин

„Македонска држава“ ексклузивно ја објавува книгата со над 1.000 историски сведоштва за името Македонци

Книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ претставува обемно историско и документарно дело кое на едно место собира повеќе од 1.000 архивски документи и сведоштва во кои се споменува етнонимот „Македонци“ низ различни историски периоди.

Авторот Бранислав Светозаревиќ го обработува материјалот собран од архиви во 32 земји, прикажувајќи примери за тоа како населението од овие простори самостојно се идентификувало како Македонци, но и како странски автори, хроничари и официјални институции го бележеле македонското етничко име во различни историски и политички контексти.

Во делото се опфатени периоди од античкото време, преку средниот век и новиот период, до современата историја, со јасен акцент на континуитетот на употребата на името „Македонци“. Анализите укажуваат дека станува збор за етноним со длабоки историски корени, а не за современа или случајна појава.

Книгата нуди и аналитички осврт кој го поставува македонскиот идентитетско-етнички назив како значајна тема во историографијата и националната меморија. Како научно-популарна студија, делото е наменето и за стручната јавност и за поширок круг читатели, отворајќи простор за аргументирана дискусија за македонскиот идентитет во современ контекст.

Делото „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ е достапно за ексклузивно читање во дигитална форма тука

Continue Reading

Магазин

Близу Скопје пронајдена древна населба постара од цивилизациите на Инките и Маите

Археолозите направија значајно откритие на локација околу две часа од Скопје, каде е откриена невидена древна населба чија возраст, според првичните процени, го надминува времето на познатите цивилизации на Инките и Маите.

Наодите укажуваат дека оваа праисториска заедница постоела многу порано отколку што се мислеше за населбите во регионот, а староста на археолошките слоеви и структури неколкупати е поголема од она што досега е пронајдено на други континенти. Стручњаците потенцираат дека станува збор за откритие со огромно значење за разбирањето на раните човечки општества.

Во тек се детални истражни ископувања, а пронајдени се остатоци од куќи, орудија, керамички предмети и други археолошки траги што укажуваат на развиена заедница со сопствена материјална култура. Екипите работат на утврдување на прецизната возраст на населбата преку радиокарбонска анализа и други научни методи.

Археолозите потенцираат дека пронајдените структури даваат нови сознанија за раното човечко живеење и можат да ја променат досегашната слика за миграциите, начинот на организирање и развојот на древните заедници.

Откритието предизвикува внимание и кај меѓународни експерти, кои најавија поддршка и вклучување во понатамошните истражувања. Според нив, овој локален наод може да има глобално значење за археологијата и историјата на човештвото.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг