Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израелска фирма тврди дека ја контактирале крадците од Лувр со понуда да го продаде накитот

by
2025/11/01 15:28:47
in Uncategorized

Израелската компанија за безбедност и анализа „CGI Group“ соопшти дека добила необична порака од лице што се претставило како претставник на групата која стои зад грабежот во музејот Лувр. Според информациите на германскиот весник Билд, непознатото лице ја контактирало фирмата преку нејзината официјална веб-страница и понудило можност за откуп на дел од украдениот накит преку „darknet“.

„Пет дена по грабежот, добивме порака од некој што се претстави како портпарол на крадците. Ни рече дека имаме 24 часа да одговориме ако сакаме да разговараме за купување на украдените уметнички дела,“ изјави основачот и директор на „CGI Group“, Звика Наве.

По детална внатрешна анализа, компанијата утврдила дека испраќачот навистина може да располага со барем дел од украдените скапоцености. Случајот веднаш бил пријавен во француската полиција, но до овој момент накитот сè уште не е пронајден.

Грабежот во Лувр се случи на 19 октомври, кога четворица крадци со помош на кран за мебел влегле во галеријата Аполо и однеле девет парчиња накит, меѓу кои и круната на царицата Евгенија украсена со 1.354 дијаманти. Според проценките, вредноста на украдените предмети изнесува околу 88 милиони евра, а истрагата сè уште трае.

Next Post

Во 2026 дури 7 до 10 продолжени викенди

Полициска акција против нарко-банди предизвика бран протести низ Бразил

Препорачани Вести

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

2 weeks ago

Голема полициска акција: Приведени киднапери и насилници од Тетовско

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.