Connect with us

Свет

Закана за бомба во авион го парализира аеродромот во Вашингтон – засегнати над 800 летови

Сите летови на главниот аеродром во Вашингтон беа привремено запрени поради закана за бомба во авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ кој пристигнал од Хјустон, јавува „Дејли меил“. Инцидентот предизвика прогласување на безбедносна вонредна состојба во 11:30 часот по локално време.

Авинот бил веднаш изолиран и опкружен со возила за итни интервенции, а патниците биле евакуирани во највисок степен на претпазливост. Сите пристигнувања и поаѓања од аеродромот биле прекинати додека траела безбедносната проверка.

Според податоците од радарите, неколку авиони биле принудени да кружат над аеродромот, додека други биле пренасочени кон алтернативни дестинации. Вкупно 820 летови биле засегнати од привременото приземјување, со просечно доцнење од 33 минути, а максимално регистрирано доцнење од 66 минути.

Прекинот на воздушниот сообраќај се одрази и врз регионалните контролни центри кои ги координираат летовите над Њујорк, Атланта, Џексонвил, Кливленд, Бостон и Индијанаполис.

Американските безбедносни служби продолжуваат со истрагата за потеклото на заканата, а аеродромските операции постепено се нормализираат.

Advertisement

Свет

Украина изведе масовен удар врз Русија

Украина изврши масовен дронски напад насочен кон Москва и повеќе региони во западна Русија, јавуваат извори.

Големи групи дронови биле лансирани истовремено, а нивните траектории покажуваат удари длабоко во територијата околу руската престолнина.

Овој напад се смета за една од најобемните операции со долги дострелни беспилотни летала од почетокот на војната, насочен кон важни инфраструктурни и логистички цели.

Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Извор: @sentdefender

Continue Reading

Свет

Координирана акција низ Европа против Балкански картел

Тројца лица се уапсени, а имот во вредност од над пет милиони евра е запленет во рамки на координирана полициска акција против припадници на т.н. Балкански картел во Германија, со поддршка на Европол.

Истражувањето го вклучи органите за спроведување на законот од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија и Србија. Според Европол, криминалната ќелија била одговорна за транспорт на повеќе тони кокаин од Колумбија, користејќи различни методи за шверц низ Европа.

Покрај трговијата со дрога, членовите на картелот се занимавале и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, како во рамките на Европската Унија, така и надвор од неа.

Continue Reading

Свет

Западот спречил десетици страшни руски саботажи низ Европа

Европските разузнавачки служби тврдат дека во последниот период спречиле низа саботажи кои, според нив, биле планирани од Русија. Меѓу целите на заговорите се наводно уривање товарни авиони, труење водоводи, подметнување пожари и напади на инфраструктура, како и активирање прикриени агенти низ континентот.

Разузнавачките извори за „Фајненшл тајмс“ посочуваат дека руската кампања вклучувала експлозивни пратки испратени преку меѓународни курирски служби, кои експлодирале во логистички центри во Велика Британија, Полска и Германија. Според извештаите, секоја пратка имала доволно моќ да урне товарен авион доколку детонацијата се случела за време на лет.

Безбедносните служби велат дека биле спречени и обиди за саботирање преполни патнички возови, подметнување пожари во трговски центри, напади на хидросистеми и брани, како и труење водоводи. Исто така, биле идентификувани лица кои делувале како „заспани“ агенти со зададени мисии за диверзија.

Покрај тоа, земјите во Балтикот се соочиле со прекини на подводни кабли и серија координирани кибернапади, кои западните служби ги гледаат како дел од пошироката кампања.

„Уште не сме свесни колку многу работи се случуваат зад кулисите“, изјави Киир Џајлс од „Чатам хаус“, нагласувајќи дека целосната димензија на руските тајни операции сè уште не е разоткриена.

„Ројтерс“ пренесува дека западните разузнавачки служби забележале „остра ескалација“ на хибридните активности кои, доколку успеат, би можеле сериозно да ја загрозат европската инфраструктура и човечките животи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг