Во белградската населба Вождовац, татко и ќерка завршија во болница по брутален напад што се случил во еден супермаркет, јавуваат српските медиуми. Инцидентот се случил на 8 ноември, а осомничен за нападот е 42-годишен маж со иницијали П.М.
Според информациите, 71-годишниот Ј.Д. бил во маркетот заедно со својата 40-годишна ќерка М.Д., кога меѓу нив и напаѓачот дошло до вербална расправија. По кратко недоразбирање, осомничениот нападнал и двајцата, нанесувајќи им удари по глава и телото.
Полицијата веднаш интервенирала, а повредените биле префрлени во Ургентниот центар, каде што им биле констатирани телесни повреди. Против осомничениот е поднесена кривична пријава за насилничко однесување.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, ниту пак дали сторителот претходно ги познавал жртвите. Жителите од овој дел на Белград за локалните медиуми изразуваат загриженост и велат дека вакви инциденти стануваат се почести, барајќи засилени мерки за безбедност во јавните простори.










