Украина официјално ги прекина преговорите со Русија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергеј Кислица.
Како причина го наведе отсуството на напредок по трите круга преговори одржани во текот на оваа година, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека Москва е подготвена за продолжување на разговорите со Киев.










