Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДОМАШНИТЕ БАНКИ НАПРЕДУВААТ – РАСТЕ АКТИВАТА, РАСТЕ И РЕГИОНАЛНИОТ ПЛАСМАН

by Уредник
14.11.2025
in Uncategorized

Шест македонски банки повторно се меѓу стоте најголеми банки во Југоисточна Европа, но на повисоки позиции, обезбедени од растот на нивните активи. И овојпат, на рангирањето за 2024 година, најдобро пласиран македонски репрезент е Комерцијална банка. Листата на SeeNews, исто како и претходно, ја предводи романската Банка Трансилванија. Меѓу најголемите десет банки во Регионот четири се од Романија, три од Бугарија, две од Хрватска и една од Словенија. Всушност, тоа е истата постава како и при рангирањето за 2023 година. Единствената разлика е во сменетите позиции – на четвртото место е романската CEC Bank SA (лани петта), а на петтото место е бугарската United Bulgarian Bank AD (лани четврта).

На листата има три нови банки. Меѓу нив е и новиот сопственик на Стопанска банка Битола – српската ALTA Banka AD. Со активата од 1,04 милијарди евра и растот од 52,28 насто, се наоѓа на 89-то место, а 2024 година ја завршила со профит од 13,7 милиони евра.

За првпат се рангирани и хрватската KentBank(98) со актива од 824 милиони евра (+ 13,19 %) и ZiraatBank BH од Босна и Херцеговина (99), чии вкупни средства изнесуваат 811 милиони евра (+ 11,46 %).

Во првата половина од листата Македонија и натаму е застапена само со најголемата и најстара банка. НЛБ банка е на 51-та позиција, па може да се очекува дека во наредното рангирање ќе го мине прагот.

Генерално, климата во Регионот е поволна за банкарската дејност, според податоците застапени во листата на SeeNews што ги анализира Пари. Во прилог на тоа – од 100 банки, само девет забележале пад на активата.

И на нашиот простор условите се стимулативни за раст и развој на домашните банки. Еве како и зошто се позиционирани на ТОП 100 листата.

Активата од над 2,9 милијарди евра, проследена со годишното зголемување од 9,17 насто, за Комерцијална банка претставува прескокнување на четири скалила, од 45. на 41. место. Освен тоа, со ланските 80,1 милион евра е меѓу 30-те најпрофитабилни банки од оваа листа.

Стопанска банка Скопје го подобрила пласманот за едно место, од 50. преминала на 49. место. Има актива од 2,34 милијарди евра и зголемување од 9,63 насто.

Вкупните средства на НЛБ банка на крајот од 2024 година изнесувале 2,16 милијарди евра, откако претходно нараснале за 13,42 насто, што е сосем доволно за истапување од три места.

Од македонските банки, од аспект на прекланската и ланската позиционираност, најголем е исчекорот на Халк банка. Рангирана е на 56., а била на 62. место. Тоа е резултат на зголемувањето од безмалку 16 насто кај активата, која достигнала износ од 1,85 милијарди евра.

За три места напредувала и Шпаркасе банка, од 64. на 61. позиција. Располага со средства во вкупен обем од 1,73 милијарди евра, со годишна промена од речиси 13,2 насто.

Веќе втора година на оваа листа е и Прокредит банка, чија актива е 856 милиони евра, со раст од 4,5 насто. Преклани беше на 98., а сега се наоѓа на 96. место.

Целиот текст на pari.com.mk

Next Post

Ѓорѓиевски: Ребалансот на буџетот го зајакнува Скопје со нови инвестиции и помал дефицит

МБИ10 со раст од 0,09%, обврзничкиот пазар без активности

Препорачани Вести

Нестабилно време уште два дена – од четврток стабилизација и повраток на сонцето

6 months ago

Ѓорѓиевски: Општините добиваат поддршка за справување со енергетските предизвици

12 months ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.