Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Андреј Петров: СДСМ мора да ја смени перцепцијата дека работи во интерес на ВМРО-ДПМНЕ

by
2025/11/16 09:01:56
in Uncategorized
Андреј Петров: СДСМ мора да ја смени перцепцијата дека работи во интерес на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во гостувањето во емисијата „Тема на ден“ на Сител изјави дека по катастрофалниот пораз на локалните избори, партијата мора повторно да ги врати внатрепартиските дебати преку кои, како што посочи, со години излегувале квалитетни кадри.

„Претседателот е прв одговорен во поразите, а во победите заслугата е колективна. Сум бил сведок на повеќе оставки на претседатели на партијата, мачни биле. Брзи одлуки не се потребни, треба да се преспие па потоа со ладна глава да се направи една длабинска анализа“, рече поранешниот градоначалник на Карпош.

Петров истакна дека поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски, со низата фотографии објавени во јавност за време на изборниот процес „сака да испрати некаква порака“ и дека тоа не е случајно. Според него, промената на името не ѝ наштетила на партијата затоа што била „добробит за државата“, туку дека проблемите произлегуваат од други грешки на раководствата.

„Низа корупциски скандали, заборавање на членството – сте ветиле нешто, не сте исполниле, ставате луѓе на функции кои 100 души не ги знаат. Ако во чаршија никој не ви рече добар ден, не сте за политика. Договорот со Бугарија народот го оцени како лош“, нагласи Петров.

Тој потсети на времето кога, како што рече, се воделе долги внатрепартиски расправи: „Ние имавме дискусии по шест, по седум, осум саати сме останувале на дебати на одборите. Потребни му се на СДСМ квалитетни луѓе внатре.“

Говорејќи за сопственото искуство во Карпош, додаде: „Во Карпош сум носел 10.000 гласови од нога кога бев во конфликт со Стефчо Јакимовски. 25.000 гласови добивме во 2002, значи 50 отсто од гласачкото тело на Карпош.“

На крајот Петров порача дека СДСМ мора јасно да покаже дека не работи во интерес на опозицијата:
„Треба да покажат дека не сме во служба на ВМРО-ДПМНЕ и дека ВМРО-ДПМНЕ не ги остварува интересите преку СДСМ, тоа треба да го покажат пред јавноста“, изјави Петров.

Next Post
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за недела - 16 ноември: Овој ден претставува пресврт за еден хороскопски знак

Овој мал уред ви ја троши струјата без да знаете – исклучете го навечер и сметката драстично паѓа!

Овој мал уред ви ја троши струјата без да знаете – исклучете го навечер и сметката драстично паѓа!

Препорачани Вести

Мерко повторно пред суд за незаконски избор на училишни директори

9 months ago
Таравари информираше за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Таравари информираше за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

9 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.