Connect with us

Забава

Пијанманов: Имам примено само една вакцина, бидејќи сум нешто најпрекрасно, нешто кое не смее да биде оштетено

Published

on

Марија Пијанманов, македонка која живее во Париз, често знае да биде актуелна низ социјалните медиуми со нејзините видеа во кои го опишува животот во местата каде што оди или живее, а често знае да стави и фотографии со модерен и ексентричен стил на облека кои ги носи.

Таа на својот фејсбук профил, неодамна напиша интересен статус кој привлече многу реакции.

Јас би открила за себе дека имам примено само една вакцина, другите не дозволил татко ми да ги примам како мала, верувал сум нешто најпрекрасно кое не смее да биде оштетено.
Проблем сега е што понекогаш мислам дека ај кјуто ми е специфично и шестото сетило грандиозно и визиите просветлени, токму поради тоа – напиша таа.

-Не сум против вакцинирање, но нема да се вакцинирам и мислам дека ситуацијата е полоша отколку што на секого му изгледа. Оптимист сум сепак по природа, но уште на почетокот нагласив во своите размислувања на тема Ковид дека ова ќе потрае, образовани сме, нели, знаеме колкувремено трае една пандемија, а ако за една година се заболени 23 проценти од населението со опасниот вирус, едноставна е проценката, дека ни треба уште многу денови со фази и бранови, за да се избориме со невидливиот непријател. Но, ме загрижуваат севкупните мутации и науката која не знаеше да ги предвиди, не даде одговор зошто секоја држава ќе почне да има  веќе своја мутација на вирусот, а создаде толку напредни вакцини во кус рок со 95% заштита, но и вакцини со сомнителен квалитет и заштита, наменети за да го дозастрашат немоќното население? Моќните вешто манипулираат и ја ставаат својата апсолутна контрола кон послабите или сојузниците, создаваат “вирус” во вирус. Мислам дека вирусот е овде за да ја научиме лекцијата, но се случува нешто полошо. Според мене вакцината е вешт и полууспешен експеримент, но некои други фактори се поважни, за да се стави животот под контрола на нормала. Според мене тотален карантин ќе ги спречи и намали мутациите кои можат да бидат сериозно застрашувачки во иднина. Со човечките животи не се експериментира, кога природата ни вели да забавиме, луѓето на власт треба по сите методи да си го заштитат своето население, а не да го буткаат кон бездната, затоа што така дозволува ситуацијата, објаснува Марија.

Забава

Сузана Спасовска и Александар Тарабунов ќе пеат обработка на песна од Гоце Николовски

Published

on

Песната на легендарниот пејач Гоце Николовски „Има една земја“ чиј автор е Григор Копров, доби своја обработка под која е потпишан маестро Николче Мицевски. Истата ќе биде отпеана од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов на 7. декември во Филхармонијата, како дел од концертот „Македонијо, во срце те носиме“.

Станува збор за нумера која во 1986 година ја отпеал Гоце Николовски, и се нашла на неговиот прв фолк албум.

Имено, Николовски во тоа време живеел во Ниш, пеел шлагери и бил дел од една од легендарните нишки групи, познатите Далтони. Набргу влегол во етно водите и светот на народната музика, а токму со Копров работел на албумот кој го носел неговото име и кој бил издаден за РТВ Словенија.

Покрај оваа песна, во проектот „Македонијо, во срце те носиме“ зад кој стои Скендеровски Продукција, веќе има и друга обработка на песна од Николовски. Станува за збор за песната „Оган да го гори“ која ја изведува Ламбе Алабаковски.

На 16-ти декември годинава се навршуваат 18 години од смртта на Гоце Николовски, пејач кој остави посебен белег на нашата музичка сцена. Ја доживеа најголемата популарност во 1990 година, кога на Фолк Фест Валандово ја отпеа „Бисер Балкански“ и го освои првото место.

Песната во 2000 година беше прогласена за Песна на векот во Македонија, и до денес е еден вид на неофицијална, народна химна.

Николовски е роден во Скопје, но кариерата ја започнал во Ниш, каде тогаш живеел. Остави богата музичка ризница, а веста за неговата смрт во 2006 година, на негова 58-годишна возраст, ја потресе целата јавност. Како што тогаш објавија медиумите, тој извршил самоубиство во домот во Скопје.

Зад себе го остави синот, ќерката Катарина и сопругата Весна, кои според последните неофицијални информации, живеат во Ниш.

Извор: Фокус.мк

Continue Reading

Забава

„И ДВАЈЦАТА МАЖИ ТИ СЕ СРБИ“ Аца Лукас го откажа дуетот со Северина поради нејзините изјави за Србите

Published

on

Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.

Српскиот пејачот Аца Лукас го осуди страшниот говор на омраза на Северина Вучковиќ кон Србите, нарекувајќи ја хрватската пејачка „обична будала“, пишува српски „Курир“.

Прво, Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.

– Северина е една обична будала. Ова е жена која си дозволила себеси да прави работи кои не надвор од паметот. Тоне сè подлабоко и подлабоко… го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти, кукло моја, да оправдуваш вакво плукање  за еден народ, а двајцата мажи ти се Срби. Еден од нејзините сопрузи е Србин. Нејзиниот втор сопруг е Србин – вели Лукас, а потоа додава:

– Ајде, како ќе им го објасни сето тоа на своите. Што зборуваш, а половина живот си го поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше завршена, но таа го започна со сето ова… – изјавил Аца Лукас во еден поткаст.

Да потсетиме, пејачката Северина не престанува да зборува негативно за Србите во своите јавни настапи. Таа во интервју за босанскиот портал „Кликс“ даде неколку скандалозни изјави против Србија и Србите додека зборуваше за случајот од август кога беше запрена на српската граница на проверка, што беше редовна процедура, по што и беше дозволено да влезе во Србија, но самоиницијативно се врати во Хрватска.

Continue Reading

Забава

Како изгледаат денес девојките од „Чувари на плажата“?

Published

on

Деведесеттите години беа обележани со серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), која ги направи светски познати глумците и глумиците во улога на спасувачи на плажа. Ликовите како Си Џеј Паркер, која ја играше Памела Андерсон, и Саманта Томас, која ја толкуваше Александра Пол, останаа запаметени како икони на тоа време.

Денес, девојките од серијата се повозрасни, но и понатаму се инспирација за многумина. Некои од нив се уште се активни во шоу-бизнисот, додека други се повлекоа од јавната сцена и се посветија на лични проекти. Памела Андерсон, на пример, често е активистка за правата на животните, додека Јасмин Блит води повлечен живот надвор од медиумите.

Серијата останува култен хит, а актерките докажуваат дека времето само додава на нивната харизма и уникатност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк