Connect with us

Магазин

Погледнете ја целата слика со Samsung Big Inch TVs

Претворете ја вашата дневна соба во визуелна оаза.

Скопје, 17 Ноември 2025 – Подигнете го домашното искуство на забава на повисоко ниво со телевизор со голем екран. Со најновите подобрувања во резолуцијата и квалитетот на сликата, современите телевизори изгледаат сè подобро – особено кога се поголеми. Тенките и елегантни дизајни совршено се вклопуваат во секој ентериер.

Samsung Big Inch телевизорите се дизајнирани да го револуционизираат вашето искуство при гледање содржини, со неверојатни визуелни ефекти, врвна технологија и модерен дизајн. Без разлика дали гледате спорт, филмови или играте игри, овие телевизори го оживуваат секој детал – поголемо, подобро и поимпресивно од кога било.

Сè повеќе корисници избираат телевизори со голем екран

Поголемо е подобро, а бројките тоа го потврдуваат. Како што 80% од корисниците преминуваат на поголеми екрани при замена на телевизорот и 98% изјавуваат високо задоволство од нивниот избор, трендот кон големи екрани е јасно изразен. Samsung Big Inch телевизорите нудат импресивно, целосно заталувачко искуство кое вашата дневна соба ја претвора во вистинско домашно кино. Вистинската 8K резолуција обезбедува кристално јасна слика со 33 милиони пиксели, правејќи ја секоја сцена живописна и детална.

Сè изгледа подобро кога е поголемо

Тенките и стилски дизајни овозможуваат телевизорот беспрекорно да се вклопи во секој дом, комбинирајќи елеганција и практичност. Благодарение на AI-powered upscaling, дури и содржините со пониска резолуција се претвораат во извонредни 4K или 8K визуелни прикази, со нагласени детали и јаснотија. Гејмерите ќе ги воодушеват намалената латентност, побрзите реакции и 4K@144Hz со VRR за next-gen гејминг искуство. Од спортска акција, преку филмски моменти, до целосно потопување во гејминг, Big Inch TV моделите нудат по нешто за секого. Поширокото видно поле обезбедува секој да има најдобро место, додека Dynamic Black Equalizer ги подобрува темните сцени за поангажирачко искуство. Ambient Mode го претвора вашиот ТВ во декоративна уметност, галерија со семејни фотографии или корисни информации како временска прогноза, наслови од вести и друго.

Големината што ја заслужувате, сега со бесплатна достава и монтажа

Изберете 83-инчен или поголем OLED, Neo QLED, QLED или 98-инчен Crystal UHD и ве очекува бесплатна достава и монтажа.

Нека ви застане здивот пред гооолем екран од 83 инчи за уште поинтензивно и поневеројатно искуство на гледање на омилените содржини. Филмските вечери се претвораат во вистинцко кино-доживување, додека навивањето за омилениот тим е исто како да го гледате натпреварот од терен.

Сѐ што ќе посакате станува ново искуство бидејќи секој детаљ станува уште пореалистичен, ваше е само удобно да се наместите. Ви подаруваме бесплатна достава и монтажа со 83” или поголем Neo QLED, QLED или Crystal UHD од 98 инчи од понудата.

Условите и деталите за промоцијата за бесплатна испорака и инсталација можеш да ги најдеш тука.

За да ги користите Smart TV функциите и апликациите (вклучително и стриминг платформите), мора да креирате и/или да се најавите со Samsung корисничка сметка.

2 Содржината погоре се заснова на истражување спроведено од Samsung и IA Collaborative.

3 Достапно само во QLED 8K сериите.

4 Достапно само кај QLED моделите. Резултатот на сликата може да варира во зависност од изворната содржина. Користи формули базирани на вештачка интелигенција.

5 Достапно кај сите Samsung Neo QLED модели од 2022 година и кај QLED 4K моделите од серијата Q70 или повисока.

Advertisement

Магазин

Евровизија 2026 во Израел доби зелено светло, но четири земји веќе најавија бојкот

Најголемиот европски музички спектакл е погоден од невидена политичка бура, која ја доведува во прашање неговата иднина. Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) му даде „зелено светло“ на Израел да настапи во 2026 година, четири земји – Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија – официјално објавија бојкот на натпреварот!

Одлуката беше донесена на Генералното собрание на ЕБУ, каде што членките не гласаа за исклучување на Израел, туку усвоија нов пакет правила за наводна „заштита на интегритетот и неутралноста“ на натпреварот. Овој маневар, кој практично го задржа Израел во игра, го предизвика гневот на неколку јавни сервиси.

Ирска (рекордерот по победи!), шпанската РТVE, холандскиот Авротрос и словенечкиот РТВСЛО го спроведуваат своето претходно ветување. Тие едногласно сметаат дека учеството на Израел, во услови на војна во Газа и хуманитарна катастрофа, е некомпатибилно со мисијата и јавните вредности на медиумите!

Холандија се огласи за нејзиното учество на Евровизија: „во сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се важни за нас“. Шпанија оди до крај, РТVE не само што се повлекува, туку најавува дека нема да ги емитува ниту финалето, ниту полуфиналните вечери во 2026 година!

Бојкотот е мотивиран од двоен фронт: хуманитарната трагедија во Газа и сериозни сомнежи за злоупотреба на Евровизија за политички цели! Јавните сервиси зборуваат за притисоци, несразмерни кампањи и нефер практики во гласањето, а новите правила на ЕБУ ги сметаат за недоволни за враќање на довербата.

Додека едни бојкотираат, други силно ја поддржуваат одлуката на ЕБУ. Германија претходно предупреди дека ќе ја преиспита својата улога ако Израел биде исклучен. Овие земји инсистираат дека натпреварот мора да остане исклучиво културна арена, осудувајќи го бојкотот како непотребно политизирање.

Со повлекувањето на четири големи земји, вклучувајќи ја и моќната Ирска, и најавата за медиумски бојкот на преносите, ова е најсериозниот потрес за Евровизија во последните децении! Наместо да ја слави својата 70-годишнина со еуфорија, натпреварот во 2026 година започнува во сенка на длабоки поделби, прашања за интегритетот на гласањето и жешка дебата – дали е воопшто можно да се одвои културата од политиката кога во позадина беснее војна?!

Continue Reading

Магазин

Русија го забрани Snapchat – Ова се причините

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор го блокира пристапот до Snapchat, апликацијата за привремено споделување фотографии и видеа, објави државната новинска агенција РИА.

Властите наведуваат дека една од причините за забраната е наводната злоупотреба на Snapchat „за организирање и извршување терористички акти и за регрутирање сторители“ во земјата.

Оваа одлука следува по слични ограничувања на други странски технолошки платформи, вклучително FaceTime на Apple, YouTube на Google, WhatsApp и Telegram на Meta, како дел од засилената кампања на Русија против апликации за кои властите тврдат дека се користат за криминални активности.

Continue Reading

Магазин

Четири нови животи: Тројца браќа станаа татковци во ист ден

Тројца браќа од Израел доживеале редок и емотивен момент откако нивните сопруги родиле вкупно четири бебиња во еден ден. Среќниот настан се случил во вторник во медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ во Бнеи Брак, во близина на Тел Авив.

Бебињата се родиле во интервал од неколку часа, а меѓу нив има и пар близнаци, што значи дека семејството за еден ден добило четири нови членови.

Портпаролката на болницата за германската новинска агенција ДПА го опиша повторното обединување на тројцата браќа во породилното одделение како „посебен и изненадувачки момент“.

„Никаква статистика не можеше да нè подготви за овој уникатен момент. За миг застанавме, се насмевнавме и повторно бевме трогнати од магијата што се случува тука секој ден“, рече таа.

Медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ е познат по големиот обем на работа, особено со религиозната заедница во Бнеи Брак. Статистиките покажуваат дека стапката на фертилитет во Израел е 2,9 деца по жена, што е највисока меѓу земјите членки на ОЕЦД, нагласува ДПА.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг