Connect with us

Спорт

Бараж или чудо: Македонија го игра клучниот натпревар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот гостува во Кардиф на селекцијата на Велс, во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Благоја Милевски синоќа го одржаа последниот тренинг на Градскиот стадион и во позитивна атмосфера се подготвуваат за клучниот дуел.

Нашиот национален тим ќе се обиде да остане непоразен и со тоа да го обезбеди баражот за Мундијалот. Сепак, постои и теоретска шанса за директен пласман – сценарио кое би се реализирало само доколку Лихтенштајн приреди сензација и слави над Белгија во Лиеж, а Македонија паралелно триумфира над Велс.

Домаќинот, пак, за пласман на второто место во групата мора да забележи победа против Македонија, која досега нема ниту еден пораз во целиот квалификациски циклус.

Натпреварот ќе го суди Холанѓанецот Дани Макеле, со асистенти Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти судија е Марк Нагтегал. Контролата од ВАР собата исто така ќе биде во холандски раце – Пол ван Бокел и Рихард Мартенс.

Advertisement

Спорт

Меси размислува за пауза од Светското првенство 2026

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси најави дека постои можност да го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи следното лето, нагласувајќи дека можеби ќе го следи турнирот од трибините, наместо да настапува на теренот.

„Се надевам дека ќе можам да бидам таму. Веќе реков дека би сакал да учествувам. Но, во најлош случај, ќе бидам присутен и ќе го гледам во живо, што сепак ќе биде посебно“, изјави Меси, цитиран од ESPN.

Осумкратниот добитник на „Златната топка“ ќе наполни 39 години во јуни и додава дека сѐ уште има желба за натпреварување, но возраста и физичката подготвеност можат да влијаат на неговото учество на престојниот турнир.

Continue Reading

Спорт

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ПРОТИВ ТУРЦИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ТУРНИРОТ ВО АНКАРА

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше успешно на турнирот во Анкара, совладувајќи ја домашната селекција на Турција со 29:26. Натпреварот беше израмнет најголемиот дел од времето, со 12:12 на полувреме, но избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го презедоа контролата во финишот и стигнаа до важен триумф.

Емилијана Ризоска блескаше со 11 постигнати гола, додека голманката Драгана Петковска се истакна со 10 интервенции, меѓу кои и одбрана на седмерец, што значително го насочи натпреварот во корист на Македонија.

Нашите ракометарки утре од 12 часот ќе играат против Словенија, а турнирот ќе го затворат в недела со дуел против Словачка, кој започнува во 10 часот.

Continue Reading

Спорт

ВИДЕО: Димитриевски херој: Одбрани пенал во 119., па Валенсија ја нокаутира Картагена!

Валенсија со многу мака и драматични моменти избори пласман понатаму, откако по 120 минути фудбал успеа да го совлада второлигашот Картагена со 2-1. Херој на вечерта беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој со блескава интервенција во самиот финиш го задржа тимот во игра.

Картагена поведе во првото полувреме, кога Ортуно успеа да го совлада Димитриевски, па домаќините ја завршија паузата со водство од 1-0. Тоа резултатско преимуство траеше сè до 80. минута, кога Белтран погоди и донесе израмнување за Валенсија.

Кулминацијата на драмата се случи во 119. минута, кога Картагена доби пенал. Санчез шутираше, но Димитриевски со фантастична одбрана ја спаси својата екипа и го одржа резултатот жив. Само две минути подоцна, во 121. минута, Васкез одлично реагираше и погоди за конечни 2-1, обезбедувајќи победа и големо славје за гостите.

Димитриевски ја обележа вечерта со одбрана која директно ја смени судбината на натпреварот и уште еднаш потврди дека е еден од најсигурните голмани во Ла Лига.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг