Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВИДЕО – Прекрасна снимка од Шар Планина: Мечиња забележани на високопланинските пасишта

by Уредник
2025/11/19 16:30:40
in Uncategorized

Кафеавата мечка (Ursus arctos) е еден од најзначајните и најредките видови на Шар Планина. Овој сештојад цицач се храни со растенија, плодови, инсекти, но и со помали и поголеми животни, а како строго заштитен вид има клучна улога во одржувањето на природната рамнотежа на планината и пошироко на Балканот.

На видеото што е споделено, планинари на високопланинските пасишта на Шара наидуваат на мечка со два младенчиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Мечињата во следните две години ќе учат од мајката како да преживуваат и да се приспособуваат. Во видеото тие се љубопитни, но се оддалечуваат – однесување типично за овој вид.

Мечките во зимскиот период не спијат целосен зимски сон, туку се наоѓаат во длабока состојба на мир. Ако се вознемират или ако времето е потопло од вообичаено, можат да се разбудат и да го напуштат леглото.

Годинава жителите на шарпланинските села почесто пријавувале средби со мечки. Причини за тоа се достапната храна околу дивите депонии, како и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината, што ги тера мечките да се движат поблиску до населените места.

Како да избегнете средба?

– Говорете погласно, правете шум или пејте додека се движите.
– Избегнувајте густи грмушки.
– Не оставајте храна ниту отпад во природата.

Ако видите мечка?

– Застанете и останете смирени.
– Со смирен и јасен говор ставете ѝ до знаење дека сте човек.
– Не трчајте! Тоа може да предизвика реакција на потера.
– Оддалечете се полека, без нагли движења.
– Исправете се, кренете ги рацете и обидете се да изгледате поголеми.
– Користете спреј за мечки само ако се приближува премногу.

Ако видите младенче?

Секогаш има мајка во близина – повлечете се полека и тивко.

Ако мечката се исправи?

Тоа не е знак за напад – само се обидува подобро да ве види или намириса.

Во случај на напад

Легнете на земја, покријте го вратот со рацете и останете неподвижни додека мечката не се оддалечи.

Корисна опрема

– Спреј за мечки (ефективен до околу 8 метри)
– Ѕвонче за мечки како предупредување

Видеото е важен потсетник дека кафеавата мечка е редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Нејзиниот опстанок зависи од нашиот однос – да ја почитуваме, да ѝ оставаме простор и да придонесуваме за сигурноста на природата и на луѓето.

Шар Планина е дом што треба заеднички да го чуваме.

Видеото може да го погледнете тука

Next Post

Меџити: Нови клупи и столчиња за училишта во Чаир, инвестиција во иднината на децата

Сеќавање на поплавата во Тетово од 1979 година

Препорачани Вести

Велигденско јајце високо 2,3 метри поставено во двор на тетовска црква

9 months ago

Еве колку чини облеката и накитот на Елена Ѓорговска

3 months ago

Популарни Вести

  • ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: жена избодена со нож пред очите на внукот во станбена зграда во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загрижувачки податоци: Македонија високо на листата во Европа по случаи на фемицид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мега-проект без преседан: Кина ќе го сруши сопствениот рекорд и ќе изгради брана што ќе ја засени и нивната најголема „Three Gorges Dam“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина легендата на француското кино – Брижит Бардо на 91 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возеле пијани, завршија во притвор – полициска акција во повеќе градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.