Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лишени од слобода осум лица, поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот Пулс во Кочани

by
2025/11/20 18:19:16
in Uncategorized

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, денеска (20.11.2025) преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”, од кои осум се денеска лишени, а тројца се претходно обезбедени и за нив се веќе одредени мерки.

Двајца даночни контролори Д.П. и Д.Д. од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, се пријавени дека ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот. Тие се пријавени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице М.Ј. – син на реалниот сопственик на “Пулс” е пријавен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.

Шестмина пријавени, Д.Ч., А.Ч., А.К., А.Ч., Н.Т. и А.К., даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

Сопственикот на “Пулс” Д.Ј. е пријавен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.

Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат В.К. која исто така е опфатена со претходната постапка и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Next Post

Мицкоски на отворање на канцеларија во Тирана: Поддршка за Македонците во Албанија

Меџити и Лудва разговараа за политички развој и меѓународна соработка

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за сабота – 21 јуни: Еден знак го очекуваат финансиски проблеми

Дневен хороскоп за сабота – 21 јуни: Еден знак го очекуваат финансиски проблеми

6 months ago
Меркур во Стрелец: 3 знаци ги очекуваат среќни вести до 19 ноември!

Меркур во Стрелец: 3 знаци ги очекуваат среќни вести до 19 ноември!

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.