Connect with us

Црна Хроника

Проширена акција за трагедијата во „Пулс“: Уапсени уште 11 инспектори од УЈП и Пазарна инспекција

Истражните органи ја продолжуваат работата на случајот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Иако судењето за главните осомничени веќе е во тек, истрагата се проширува и опфаќа нови службени лица.

Според информации на Плусинфо.мк, уште 11 вработени, раководни лица и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се осомничени за серија кривични дела поврзани со работењето на дискотеката и надзорот кој требало да го спроведуваат. Дел од нив веќе се уапсени, а за повеќето се бара и притвор.

Осомничените се товарат за дела како злоупотреба на службена положба, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, фалсификување исправи и оддавање службена тајна.

Во акцијата се опфатени следниве лица:
• Д.П. (УЈП Штип) – примање поткуп и оддавање службена тајна; лишен од слобода.
• Д.Д. (УЈП Штип) – примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание; лишен од слобода.
• М.Ј. – давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание; поврзан со работењето на „Пулс“.
• Д.Ч. (УЈП Струмица) – злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа.
• А.Ч. (УЈП Струмица) – истите дела; лишен од слобода.
• А.К. (УЈП Струмица) – злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа; лишен од слобода.
• А.Ч. (УЈП Струмица) – злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа.
• Н.Т. (УЈП Штип) – злоупотреба на службена положба; лишена од слобода.
• А.К. (УЈП Штип) – истото кривично дело; лишен од слобода.
• В.К. (ДПИ Кочани) – оддавање службена тајна.
• Д.Ј. – фалсификување исправа; поврзан со дискотеката „Пулс“.

МВР и обвинителството најавуваат дека нема да застанат тука. Истрагата продолжува и ќе опфати сите кои, со своето делување или неделување, придонеле за незаконското работење на објектот и за пропустите кои довеле до најтешката трагедија во поновата историја на земјата.

Advertisement

Црна Хроника

Стружанец уапсен поради снимање и вербални напади кон полицајци

На улицата „ЈНА“ во Струга вчера околу 19 часот полицијата приведе 43-годишниот Ж.Ш. од Струга. Тој претходно без дозвола снимал објект на полицијата, по што ги навредувал полициските службеници.

СВР Охрид соопшти дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Обид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали

На 05.12.2025 година во 14:30 часот во СВР Тетово, И.С.(58) од с.Брвеница пријавил дека претходниот ден во период од 13.30 до 19.30 часот пред фабриката за мебел во с.Брвеница, непознато лице влегло во неговото патничко моторно возило ,,југо” со тетовски регистерски таблици, кое било со незаклучени врати, и се обидело да го стартува возилото, но откако не успеало во намерата, подметнало пожар во возилото. Огнот бил изгаснат од случајни минувачи. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Црна Хроника

Жена хоспитализирана со сериозни повреди по удар од автомобил

brza pomos

Педесет и двегодишната К.Е. од селото Марена е хоспитализирана со тешки повреди по сообраќајна несреќа што се случила попладнево на улицата „Шишка“ во Кавадарци.

Според информациите од полицијата, во жената удрило патничко возило „Фиат“ со локални регистарски таблички, управувано од 50-годишниот З.Т. од Кавадарци.

Повредената веднаш била пренесена во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди. На местото на несреќата е извршен увид од страна на ОВР Кавадарци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг