Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Проданоски: Чистењето на Градската река продолжува без прекин, водостојот е стабилен (ВИДЕО)

by Уредник
21.11.2025
in Uncategorized

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамките на акцијата за чистење на големото корито на Градската река. Работите моментално се одвиваат на потегот покрај улицата „Кеј 1-ви Мај“, во населбите Чачорица и Бончејца, каде екипите активно работат веќе една недела.

Според Проданоски, досега се отстранети над 300 кубни метри насип, а активностите ќе продолжат до железничкиот мост на кејската улица. Потоа ќе започне втората фаза од проектот, која опфаќа зафати кон мостот на улицата „Трајко Николоски“.

И покрај интензивните врнежи во последните денови, градоначалникот ги увери граѓаните дека состојбата со водостојот е стабилна и дека во моментов нема опасност од излевање на реката.

Тој упати благодарност до јавните комунални претпријатија и Подрачната единица на Водостопанство на Македонија – Прилепско Поле за нивната механизација и активен придонес во акцијата.

Проданоски воедно апелираше до граѓаните да не фрлаат отпад во речното корито, предупредувајќи дека тоа предизвикува штети и можни хаварии, и потсети дека постојат јасно определени локации за соодветно депонирање.

„Мораме сите заедно да се грижиме за побезбеден и почист Прилеп,“ порача градоначалникот.

Видеото може да го погледнете тука

Next Post

Драма во Дубаи: Индиски воен авион се сруши на аеромитинг

70-годишна жена приведена поради кражба на Градскиот пазар во Велес

Жителка од Тетово жртва на закани и уцена

Препорачани Вести

Овој град е главната цел на руската армија? Ова место е посебно важно за Путин

Овој град е главната цел на руската армија? Ова место е посебно важно за Путин

3 months ago
Кинеските авиони подобри од француските рафали?

Кинеските авиони подобри од француските рафали?

9 months ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – Дрска кражба среде ден во елитен дел од Лондон: накит украден за помалку од една минута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • “Епштајновите досиеја“ содржат илјадници референци поврзани со Русија и Владимир Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со остра закана: Ако САД нападнат, ќе избие регионална војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милионски спектакл во Мелбурн: Еве колку пари заработија финалистите Алкараз и Ѓоковиќ од турнирот Аустралиан опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Небото над Москва се удвои: редок феномен “праселена”  создаде ‘повеќе Месечини’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.