Connect with us

Економија

Повлекување на одредени серии чоколади „Милка“ во Германија поради можност од присуство на пластични тела

Производителот „Монделез интернешнел“ повлекува одредени серии карамел чоколади „Милка“ во Германија, откако постои можност тие да содржат пластични туѓи тела, објави списанието „Феникс“.

Станува збор за карамел чоколадото Милка (100 г, EAN 7622210349675) со следниве датуми на употреба и производствени кодови:

20 февруари 2026 / OSV1252132 20 февруари 2026 / OSV1252133 21 февруари 2026 / OSV1252141 26 февруари 2026 / OSV1252223 27 февруари 2026 / OSV1252231 27 февруари 2026 / OSV1252232 27 февруари 2026 / OSV1252233

Компанијата нагласува дека безбедноста на потрошувачите и квалитетот на производите секогаш се врвен приоритет. „Како превентивна мерка, ве молиме да се воздржите од консумирање на производот ако го имате купено со наведениот датум на употреба и кодови, или сè уште не сте го потрошиле. Ова повлекување не се однесува на другите производи на „Милка“ или „Монделез интернешнел““, се наведува на официјалната веб-страница на компанијата.

Advertisement

Економија

Горивата од полноќ ќе се продаваат по нови цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе донесе одлука за новите цени на нафтените деривати на домашниот пазар.

Според моментално важечките максимални цени, нафтените деривати се продаваат по следниов ред:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,00 денари за литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,00 денари за литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 денари за литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 66,50 денари за литар

Мазут М-1 НС: 33,963 денари за килограм

Одлуката на РКЕ ќе биде клучна за потрошувачите и за компаниите кои зависат од нафтените деривати за секојдневното работење.

Continue Reading

Економија

Рокот за запишување на третата емисија граѓански обврзници истекува утре

Граѓаните имаат уште два дена, односно до утре, да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки ширум земјата, соопшти Министерството за финансии.

Обврзниците од оваа емисија се со рочност од две години и нудат годишна каматна стапка од 4,5%. Нивната вредност е 10.000 денари по обврзница, а проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Понудите продолжуваат да се доставуваат преку деловните банки, а аукцијата е закажана за 12 декември.

Исплатата на каматата ќе се врши двапати: првата на 19 декември 2026 година, а втората заедно со главнината на 19 декември 2027 година, кога обврзниците и официјално достасуваат.

Continue Reading

Економија

„ЕУ Е ПРЕСПОРА“ Големите европски компании повеќе би инвестирале во Америка отколку во Европа

Извршните директори на големите европски компании се помалку песимистички настроени во прогнозите за економијата на Стариот континент, но покажуваат поизразен оптимизам во планираните инвестиции во САД, се резултатите од анкета на здружението ERT објавена синоќа.

Бизнис лидерите веруваат дека има сè помалку причини за инвестирање во Европа и дека Европската Унија е премногу бавна во спроведувањето на потребните реформи, се вели во анкета спроведена на околу 60 извршни директори и претседатели на компании како што се ASML, BASF и Vodafone.

Околу 38 проценти од испитаниците изјавиле дека би инвестирале помалку во Европа отколку што планирале шест месеци претходно, односно дека ја ставиле одлуката за инвестирање на чекање.

Само осум проценти од нив имаат намера да ги зголемат своите инвестиции во Европа

Дури 45 проценти од испитаниците изјавуваат дека имаат намера да инвестираат повеќе во Соединетите Американски Држави.

Бизнис лидерите повикуваат на реформи што минатата година ги препорачаа поранешниот шеф на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, и Енрико Лета, двајцата поранешни италијански премиери, заклучувајќи дека ЕУ треба веднаш да преземе конкретни чекори за да биде поконкурентна и да биде во чекор со САД и Кина.

Поголемиот дел од испитаниците изјавија во анкетата дека не го забележуваат позитивното влијание на иницијативите на ЕУ кои треба да ги поедностават регулативите, да го комплетираат единствениот пазар, да обезбедат попристапна енергија и да ја прилагодат политиката за конкуренција на пазарот.

Анкетата беше објавена непосредно пред состанокот на министрите од 27-те земји-членки на ЕУ во понеделник, на кој треба да се разговара за конкуренцијата, поедноставувањето на регулативите и внатрешните пречки во рамките на единствениот пазар на ЕУ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг