Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

АНАЛИЗА: ТОП 10 компании во Тетово во 2024 година

by
2025/11/24 12:14:12
in Uncategorized

Тетово, градот под Шара, има силен локален идентитет и препознатливо мултикултурно окружување. Според едно од најпознатите толкувања, името потекнува од старословенскиот глагол „хтјати“ (сака), а „хтјатово“ значело „сакано место“, од што со текот на времето се развило денешното име Тетово. Не е случајно што тетовчани и денес често го нарекуваат својот град „саканиот град“.

Денес, покрај културното значење, Тетово има и важно економско место во државата, со компании активни во автомобилската индустрија, градежништвото, трговијата, услугите и логистиката.

Анализата на порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа ги разгледува десетте најголеми компании во Тетово. Во 2024 година, водечките компании оствариле вкупен приход од 241,5 милиони евра, што е раст од 8,2 насто во однос на 2023 година. Вкупната добивка се искачила на 15,9 милиони евра, што претставува раст од 7,4 насто, додека бројот на вработени паднал на 2.801 лице, односно 11,5 насто помалку од претходната година.

Најдинамична е категоријата на плати: вкупниот износ на прикажаните просечни плати за компаниите што се топ 10 достигнува 22.573 евра, наспроти 5.545 евра во 2023 година.

ЛЕАР Е НЕДОСТИЖЕН НА ВРВОТ ПО ПРИХОД, А АК ИНВЕСТ ИМА НАЈГОЛЕМ РАСТ

Вкупниот приход на ударната тетовска десетка лани изнесувал 241,5 милиони евра, проследен со зголемување од 8,2 насто. Тоа, пак, произлегува од растот регистриран кај седум од нив.

Најголемиот обрт на средства, од 125,6 милиониевра, е направен во ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА, и е далеку од останатите девет во однос на остварениот промет. Оваа компанија произведува делови за моторни возила.

ПОФИКС е второрангирана компанија којашто се занимава со производство на малтер и обезбедил приход од 24,6 милиони евра.

Секако, пари има и во изградба на станбени и нестанбени згради. Компанијата АК ИНВЕСТ е на трето место и лани остварила приход од 20,1милион евра, но со многу поголем раст во однос на 2023 година, речиси 162 насто.

Со трговија на моторни возила, АРРБОРА го зазема четвртото место со приход од 14,4милиони евра.

Првата петка ја заокружува фирмата ЕАКОМ ДООЕЛ со 13,6 милиони евра, која гради станбени и нестанбени згради.

На оваа топ 10 листа има и компанија од дејноста игри на среќа и компанија што се занимава со производство на млечни производи.

Топ 10 компании по приход во Тетово

Извор: Pari.com.mk

Next Post
Локални поплави и одрони поради обилни врнежи во општина Лерин

Локални поплави и одрони поради обилни врнежи во општина Лерин

Руските сили доживуваат колапс на фронтот – причината е повеќе од бизарна

Руските сили доживуваат колапс на фронтот - причината е повеќе од бизарна

Препорачани Вести

Не се сите во ЕУ на страната на Зеленски

10 months ago
Системот „Сејф Сити“ стартува на 1 јануари 2026, најави министерот Тошковски

Системот „Сејф Сити“ стартува на 1 јануари 2026, најави министерот Тошковски

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.