Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Професионалноста и етиката во фокусот на првиот стручен симпозиум на ИСОС и Здружението на внатрешни ревизори

by
2025/11/25 12:37:59
in Uncategorized

На Економскиот факултет во Скопје се одржа првиот заеднички стручен симпозиум во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Здружението на внатрешни ревизори на РС Македонија. Настанот собра над 500 учесници, професионалци од сметководствената и ревизорската фела, како и експерти од академската заедница, институциите и студентите, ставајќи силен фокус на актуелните професионални и етички предизвици со кои се соочуваат сметководителите и внатрешните ревизори во современата економска и технолошка средина.

Во своето воведно обраќање, претседателката на ИСОС Весна Прентоска, го нагласи значењето на етиката како темел на сметководствената и ревизорската професија и предупреди на современите притисоци што можат да водат кон мали, но опасни компромиси.

„Денес не зборуваме само за бројки. Зборуваме за вистината зад нив, за довербата што ја градиме и за одговорноста што ја носиме — кон професијата, клиентите, јавноста, но пред сè кон самите себе“, истакна Прентоска. Таа додаде дека „кога се раководиме од етиката и таа е во центарот на секоја бројка, извештај или одлука, ја јакнеме довербата на партнерите, институциите и јавноста во нашата професија, а со тоа го подигнуваме и квалитетот, што е една од основните цели и задачи на ИСОС“.

Симпозиумот опфати три тематски целини. Првата, насловена „Цената на етичката тишина. Кога етиката не се вклопува во билансот?“ беше отворена со предавање на проф. д-р Борис Тушек од Факултетот за економија и бизнис при Универзитетот во Загреб. Акцентот во неговото излагање беше ставен на последиците од премолчувањето на етичките прекршувања, особено во контекст на финансиското известување, истакнувајќи дека „етичката тишина“ создава системски ризици, ја нарушува довербата во професијата и има долгорочни импликации врз економската стабилност. Неговото предавање ја отвори дискусијата за потребата од култура во која професионалците чувствуваат охрабрување, а не страв, да укажат на одредени отстапувања.

Во рамките на втората тематска целина насловена „Малите лаги на големите бројки — етички предизвици зад точноста“ се одржа панел-дискусија модерирана од претседателката на ИСОС, Прентоска, во која учество зедоа истакнати финансиски и ревизорски професионалци, и тоа: Магдалена Христова, регионален финансиски директор на НЕЛТ; Горан Станчевски, менаџер на сметководствено биро Галоп ДВ; Данило Јовановиќ, директор на внатрешна ревизија во Алкалоид АД Скопје; Драган Давитков, партнер во PwC и Оливера Ѓуровска, финансиски директор на Жито Лукс АД Скопје. Панелистите отворија прашања за тенките граници меѓу професионална проценка и креативна интерпретација, организациската култура и личниот интегритет, како и одговорноста на професионалците во услови на големи очекувања и зголемена динамика.

Третата сесија беше посветена на улогата и значењето на вештачката интелигенција во современото сметководство и ревизија, каде Горазд Смилевски од Бизнис Академија Смилевски говореше за новите улоги и специјализации што ќе се развиваат во контекст на дигиталната трансформација.

Симпозиумот претставуваше значајна платформа за поттикнување професионален дијалог, споделување искуства и добри практики и отворање на нови перспективи во развојот на сметководствената и ревизорската професија. ИСОС најави дека ова е само почеток на серија настани кои треба да придонесат за натамошно јакнење на интегритетот, компетентноста и професионалниот капацитет на сметководствената заедница во земјата.

Next Post

Новото истражување покажува: Половина од Европејците ги пропуштаат важните моменти додека фотографираат – Galaxy AI им помага да бидат присутни

Лишен од слобода албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан

Лишен од слобода албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан

Препорачани Вести

АНА ЛИРМАН „НЕПОСАКУВАН ГОСТИН“ ВО БАЊА ЛУКА Полицијата ја спроведе германската министерка до границата

9 months ago

Драма во Тетово: Полицијата уапси 20-годишеник

10 months ago

Популарни Вести

  • Македонските ракометари на проверка против Хрватска пред ЕП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.