Connect with us

Магазин

Новото истражување покажува: Половина од Европејците ги пропуштаат важните моменти додека фотографираат – Galaxy AI им помага да бидат присутни

Новото истражување покажува: Половина од Европејците ги пропуштаат важните моменти додека фотографираат – Galaxy AI им помага да бидат присутни
Новите податоци од Samsung откриваат дека притисокот да се направи „совршена фотографија“ нè одвлекува од моментите во кои сакаме да уживаме – нешто за што подоцна жалиме
Samsung ја претставува One Shot Challenge, кампањата што ги охрабрува корисниците да фотографираат помалку и да уживаат повеќе во моментот, сигурни дека Galaxy AI може да ја усоврши секоја фотографија
На улиците на Лондон, познатиот фотограф Том Крејг демонстрира како Европејците конечно можат да се ослободат од „гробиштата на фотографии“ на своите телефони.

Скопје, 25. Ноември 2025 – Со приближувањето на празничната сезона, Samsung ги охрабрува луѓето да бидат поприсутни со своите најблиски. Повеќе од половина Европејци (57%) признаваат дека фотографирањето ги одвлекува од вистинското уживање во моментите што се обидуваат да ги зачуваат.

Со цел да се намали овој притисок, Samsung ја лансира иницијативата One Shot Challenge – повик до корисниците да го спуштат телефонот во најважните моменти, бидејќи Galaxy AI и функциите како Генеративна обработка (Generative Edit) овозможуваат совршена фотографија со само еден кадар.

За да покаже колку е лесно, Samsung соработува со светски познатиот фотограф Том Крејг, чија работа се појавува во Vogue и Vanity Fair. Неговото учество во One Shot Challenge може да се погледне во новото видео: https://www.youtube.com/shorts/it31g9zYcXU.

На улиците на Лондон, Крејг демонстрира како со Galaxy Z Fold7 и Generative Edit лесно се добива совршен кадар – отстранувајќи го метежот и пополнувајќи ја сцената со помош на Galaxy AI. Тој покажува дека совршенството може да дојде подоцна, без стрес и без десетици повторени фотографии.

Кампањата доаѓа во момент кога новото истражување открива дека скоро половина Европејци (45%) чувствуваат притисок да направат „совршен кадар“. Иако 73% би сакале повеќе да уживаат во моментот и помалку да се грижат за фотографијата, нив ги води желбата да зачуваат спомени за иднината (83%) и да изгледаат добро на социјалните мрежи (30%).

Резултатот е модерна фото-дилема: просечно се прават шест фотографии од истата сцена, а само 4% прават една. И покрај ова, речиси една третина (28%) не прегледале повеќе од половина од снимките на својот телефон. Така се создаваат „фото-гробишта“ кои само тивко се акумулираат.

При прегледување на фотографиите, 86% приметиле детали што би сакале да ги отстранат – од случајни минувачи во кадар (38%) и случајни предмети (33%) до несакани сенки и рефлексии (34%). Иако повеќето ги забележуваат овие пропусти, 74% никогаш не користеле AI алатки на својот телефон за да ги подобрат фотографиите.

Моменти што Европејците ги пропуштиле затоа што фотографирале:

Туристички знаменитости / моменти на патување 45 %
Семејни собири / прослави 32 %
Концерти и настапи 31 %
Дружење со пријатели 28 %
Божиќ или други зимски празници 21 %
Спортски моменти 19 %
Важни моменти на своите деца 19%

Том Крејг изјави: „Најдобрите фотографии се случуваат во моментот – правата светлина, вистинскиот поглед, идеалната атмосфера. Фрустрирачки е кога неочекувано нешто го расипува кадарот. Нашите телефони ни овозможуваат да ги зачуваме важните моменти, но не треба да дозволиме стремежот по совршена фотографија да нè оддалечи од самиот момент. One Shot Challenge ги охрабрува сите да создадат убави спомени и веднаш да се вратат во нив – знаејќи дека Generative Edit ќе ги усоврши деталите подоцна.“.

Бенџамин Браун, главен маркетинг директор (CMO) на Samsung Европа додава: „Во Samsung знаеме дека најдобрите моменти се доживуваат кога сме целосно присутни, но и дека сакаме да ги зачуваме за иднината. One Shot Challenge ги охрабрува луѓето да уживаат во моментот, додека Galaxy AI обезбедува секоја фотографија да биде совршена – без напор. Со Generative Edit, корисниците можат да живеат во моментот, сигурни дека секој кадар може да биде уреден беспрекорно.“«

Samsung ги поканува корисниците да се вклучат во One Shot Challenge, споделувајќи фотографии подобрени со Generative Edit на Instagram со хаштагот #SamsungOneShot.

За сите што сакаат лично да ja испробаат моќта на Galaxy AI и Generative Edit, оваа Black Friday недела Samsung нуди одличен избор на уреди во продажните места кај партнерите и на официјалната страница Samsung.com/mk.

Advertisement

Магазин

Пензионер треба да врати речиси 30.000 евра поради грешка во пензијата

Пензионираниот британски државен службеник Дерек Ричи (63) се соочува со задолжително враќање на 28.640 евра, кои ги добивал преку преплаќања во последните 11 години, поради грешка во пресметката од 2014 година, соопштија надлежните служби.

Во март, Ричи добил писмо со извинување за „евентуалните непријатности“ и можност да ги врати парите преку банкарски трансфер или на рати, пишува „Гардијан“. Сепак, тој велеше дека не добил целосно објаснување за ситуацијата. Три месеци подоцна, му било соопштено дека ќе следи тужба доколку не ги врати средствата.

„Во последните 11 години донесував одлуки и планови врз основа на бројките што ми беа дадени, а грешката ќе ми предизвика значителни тешкотии“, изјави Ричи, кој поради стресот бил препишан лекови за депресија и анксиозност. Тој планирал целосно пензионирање во 2027 година, но сега вели дека ќе мора да се врати на работа за да го отплати долгот.

Ричи е меѓу стотиците пензионери погодени од административни грешки во системот „MyCSP“, кој во 2019 година призна дека се обидува да наплати милиони евра од повеќе од 2.000 пензионери. Грешките биле откриени при ревизија, но преплаќањата на Ричи првично останале незабележани, постепено растејќи од околу 230 евра годишно на 4.500 евра.

Во октомври, парламентарната комисија го критикуваше управувањето со пензиските шеми и предложи да се врати директна контрола на државните служби. Во моментов, системот е во рацете на компанијата „Capita“, која ветува модернизација и подобрување на услугите за пензионерите.

Continue Reading

Магазин

Половина од постарите Руси се убедени дека светот го контролира тајна влада

Бројот на Руси кои веруваат во постоењето на тајни организации што управуваат со светските настани порасна во последните години, покажува анкета на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (VCIOM), пренесена од The Moscow Times.

Според резултатите, во 2022 година 37% од Русите верувале во постоењето на „тајна светска влада“, додека во 2025 година тој број достигнал 40%. Истовремено, 46% од граѓаните не се согласуваат со оваа теорија на заговор.

Најголема поддршка за ваквите верувања има меѓу постарите граѓани и гледачите на државната телевизија. Меѓу Русите родени од 1948 до 1967 година, 50% веруваат во оваа тајна влада, додека меѓу младите родени по 1992 година, такви се само 26%.

Социолозите објаснуваат дека во периоди на длабоки општествени промени и неизвесност, теориите на заговор им нудат на луѓето едноставни објаснувања за сложени случувања, како политички одлуки или економски кризи. Според историските податоци на VCIOM, по распадот на СССР во 1992 година, 48% од Русите верувале во тајни организации.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека меѓу актерите на „светската влада“ Русите најмногу ги вбројуваат олигарсите и милијардерите (25%), американската елита (19%), масоните (4%), семејството Ротшилд (3%) и Рокфелер (2%). Поддршката за „англосаксонскиот свет“ како центар на тајните влијанија се зголемила по почетокот на инвазијата во Украина.

Исто така, анкета спроведена во 2024 година покажала дека секој десетти Русин е подготвен да поверува во постоењето на вонземски живот ако тоа го изјави претседателот Владимир Путин, додека официјалните медиуми би убедиле 6%, а пријателите само 3% од испитаниците.

Continue Reading

Магазин

Откажан концертот на големата српска ѕвезда во Македонија

Концертот на Наташа Беквалац, кој требаше да се одржи во Штип во Спортската сала Тошо Арсов на 27-ми декември, е одложен. Информацијата ја соопшти организаторот, кабаре Клик, а во појаснувањето кое објавија наведуваат дека не сакале да бидат дел од политички наративи и дебати, кои не биле во нивниот домен.

-Во изминативе денови околу планираниот концерт на Наташа Беквалац се создадоа дискусии и толкувања кои ја надминуваат рамката на она што ние како организатори го работиме – музика, забава и искуство за публиката.

Нашата визија никогаш не била да бидеме дел од политички наративи, анализи или дебати кои не се во нашиот домен. И токму затоа, со целосна почит кон сите страни и со желба се да остане во духот на позитивната енергија, донесовме одлука концертот да го одложиме, искатнуваат од организацијата.

Од таму додаваат дека сакаат настанот да се случи во време и услови кога единствен фокус ќе биде уметноста, емоцијата и атмосферата, а не теми кои не припаѓаат на светот на забавата.

-Нашата публика заслужува чисто и убаво искуство – без врева, без превирања и без дополнителни толкувања. Оваа одлука ја носиме зрело и одговорно, со желба да создадеме вечер што ќе биде паметена по музика, а не по околностите, порачаа од кабарето.

Инаку, на концертот на Беквалац беа најавени и музичките гости Жаре Бербер и диџеј Нело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг