Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Загриженост во Израел – САД продава моќен борбен авион на блискиот исток

by Уредник
26.11.2025
in Uncategorized

САД се подготвуваат да ѝ продадат на Саудиска Арабија основен модел од најсовремените ловци Ф-35, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски извори. Одлуката доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека Ријад ќе добие авиони од петтата генерација – технологија што досега ја поседува само Израел на Блискиот Исток.

Најавата предизвика силна загриженост во Израел, кој стравува дека договорот би можел да ја наруши квалитативната воена супериорност на Израелските одбранбени сили, принцип што е гарантиран и со американски закон. Американскиот сенатор Марко Рубио, според порталот, ветил дека ќе води дополнителни разговори со Тел Авив за да обезбеди дека продажбата нема да ги поткопа регионалните безбедносни рамнотежи.

Средбата помеѓу престолонаследникот Мохамед бин Салман и претседателот Трамп на 18 ноември во Белата куќа резултираше со низа економски и одбранбени договори. Трамп по средбата објави дека Саудиска Арабија добива статус на главен сојузник на САД надвор од НАТО.

Доколку испораката на Ф-35 стане реалност, Израел веќе најави дека ќе бара дополнителни безбедносни гаранции. Тел Авив инсистира борбените авиони за Ријад да не бидат стационирани во базите во западниот дел на Саудиска Арабија – најблиските до израелската територија.

Next Post

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТА ВО ВИЛНУС, АЕРОДРОМОТ ЦЕЛОСНО БЛОКИРАН

Белгија во тотален застој: генерален штрајк ја блокира државата

Препорачани Вести

ЈП Комуналец Битола ги демантира лажните информации: За храна за бездомни животни потрошени се само 1.600 евра, а не 60.000

10 months ago

Проданоски: Прилеп гради транспарентни буџетски политики 

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.