Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за сабота – 29 ноември: За еден знак денес се ќе оди според планот

Овен
Иако не сте во најдобро расположение, избегнувајте осаменост – времето поминато со блиски луѓе ќе ви донесе олеснување. На работа работите не одат токму според планот, но не трошете енергија на ситуации кои не можете да ги промените. Стресот е зголемен, најдете свој ритам на смирување.

Бик
Некои неодамнешни откритија ви создадоа немир, но обидете се да гледате повеќе напред, а помалку назад. Бидете внимателни кому му верувате – не секој ви мисли добро. Во љубовта сте стабилни, а партнерот ви е силна поддршка.

Близнаци
Можно е мала „драма“ во кругот на пријателите, но токму вие сте личноста што може да ја смири ситуацијата – со тивок тон и трпение. На работа ви оди одлично, но не прифаќајте обврски повеќе отколку што можете да издржите. Одморот ве повикува, почнете да планирате.

Рак
Финансиски ви се насмевнува среќата и парите пристигнуваат кога најмалку очекувате. Почестете се со нешто што одамна го посакувате – заслужено е. Внимавајте на вашите зборови, бидејќи ненамерно можете да повредите близок член од семејството.

Лав
Зрачите со шарм и самодоверба и денес тешко дека некој ќе ве остави незабележани. Сепак, бидете претпазливи со луѓе кои премногу ве фалат или ви се додворуваат на работа – не секогаш имаат чисти намери. Хидратацијата е клучна.

Девица
Денес ви се насмевнуваат среќа и добивки – ѕвездите навистина ви се наклонети. Некои колеги можат да се обидат да ви префрлат дел од своите задачи – јасно поставете граници. Во љубовта ве очекуваат топли и романтични моменти.

Вага
Конечно започнувате да ги лекувате старите љубовни рани. Самодовербата расте, додворувачи има насекаде, но не брзајте да влезете во нова врска по секоја цена. Се препорачува поголемо внимание на исхраната.

Шкорпија
Работата ви носи голем успех – конечно ја гледате сопствената вредност. Можно е да добиете нови деловни понуди; размислете внимателно и посоветувајте се со луѓе на кои им верувате. Подгответе мало, но убаво изненадување за партнерот.

Стрелец
Можни се помали недоразбирања на работа, па затоа реагирајте смирено и не брзајте со остри зборови. Ако сте слободни, можно е некој од минатото повторно да се појави. Ви е потребен краток одмор од сè.

Јарец
Луѓе кои некогаш ве повредиле можат да побараат прошка. Не знаете како да реагирате – потпрете се на инстинктот. На работа сте стабилни и ефикасни, сè ви оди според планот.

Водолија
Искрен разговор со блиска личност ќе ви помогне да ја видите проблематичната ситуација од нов агол и полесно да најдете решение. Можно е кратко финансиско стеснување, затоа избегнувајте непотребни трошоци. Ви пристигнува интересна понуда за патување.

Риби
Денес одморете – целосно или барем колку што е можно. Последните денови вложувавте многу енергија. Посветете се на нешто што ве исполнува: дружење, прошетка или краток бег од секојдневието. Пријателите ќе ви дадат интересна идеја за идни работни ангажмани.

Advertisement

Магазин

Русија го забрани Snapchat – Ова се причините

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор го блокира пристапот до Snapchat, апликацијата за привремено споделување фотографии и видеа, објави државната новинска агенција РИА.

Властите наведуваат дека една од причините за забраната е наводната злоупотреба на Snapchat „за организирање и извршување терористички акти и за регрутирање сторители“ во земјата.

Оваа одлука следува по слични ограничувања на други странски технолошки платформи, вклучително FaceTime на Apple, YouTube на Google, WhatsApp и Telegram на Meta, како дел од засилената кампања на Русија против апликации за кои властите тврдат дека се користат за криминални активности.

Continue Reading

Магазин

Четири нови животи: Тројца браќа станаа татковци во ист ден

Тројца браќа од Израел доживеале редок и емотивен момент откако нивните сопруги родиле вкупно четири бебиња во еден ден. Среќниот настан се случил во вторник во медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ во Бнеи Брак, во близина на Тел Авив.

Бебињата се родиле во интервал од неколку часа, а меѓу нив има и пар близнаци, што значи дека семејството за еден ден добило четири нови членови.

Портпаролката на болницата за германската новинска агенција ДПА го опиша повторното обединување на тројцата браќа во породилното одделение како „посебен и изненадувачки момент“.

„Никаква статистика не можеше да нè подготви за овој уникатен момент. За миг застанавме, се насмевнавме и повторно бевме трогнати од магијата што се случува тука секој ден“, рече таа.

Медицинскиот центар „Мајанеи Хајешуа“ е познат по големиот обем на работа, особено со религиозната заедница во Бнеи Брак. Статистиките покажуваат дека стапката на фертилитет во Израел е 2,9 деца по жена, што е највисока меѓу земјите членки на ОЕЦД, нагласува ДПА.

Continue Reading

Магазин

CNN: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристи

Престижниот американски медиум CNN во обемна репортажа ја постави Македонија на мапата како една од последните неистражени дестинации во Јужна Европа – земја со исклучителна храна, врвно вино и речиси без туристички метеж.

Во текстот, Македонија е опишана како „пат помалку патуван“ каде драматичниот планински релјеф, слоевитата историја и искреното гостопримство создаваат уникатно културно и природно искуство. Лоцирана северно од Грција, земјата е наречена една од најпланинските во светот – каде „кога и да тргнеш, пред тебе и зад тебе има планина“.

И покрај тоа што по големина ѝ е слична на американската сојузна држава Вермонт, Македонија сè уште ги избегнува гужвите што се типични за популарните јужноевропски дестинации. Според локалните туристички работници, голем број патници само транзитираат низ земјата без да ги откријат нејзините потенцијали.

CNN ги издвојува духовните светилишта како Бигорскиот манастир и манастирот Свети Наум, а Охридското Езеро го нарекува „круниски дијамант“ со богат биодиверзитет и препознатливиот охридски бисер.

Гастрономијата е претставена како централно доживување – од „вонземски“ зеленчук произведен на мали семејни фарми, до традиционални специјалитети како ајвар, ракија, бурек, пастрмалија и тиквешките вина. Кафаната, како институција, е опишана како жив доказ за македонската традиција и културна издржливост.

Скопје се истакнува како град на контрасти со бруталистичка архитектура, османлиски дух во Старата чаршија и модерни градби, додека за авантуристите се препорачуваат Водно и кањонот Матка.

CNN заклучува дека Македонија нуди „повеќеслојно рурално искуство и едни од најубавите природни пејзажи што може да се видат во толку мала земја“, охрабрувајќи го светот да го открие овој балкански бисер пред да го преплават туристи.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг