Connect with us

Свет

Киев под најтешок напад во изминативе месеци: Хиперсонични „Кинжал“ ракети, десетици дронови и разурнати згради

Русија во текот на целата ноќ жестоко го напаѓаше Киев со хиперсонични ракети и дронови, во еден од најинтензивните удари врз украинската престолнина оваа година. Најмалку едно лице загина, а уште 15 се повредени – меѓу кои и едно дете – соопштија локалните власти.

Нападот започнал нешто по 1 часот по полноќ, кога во небото над градот биле забележани првите прелети на дронови и силни експлозии. Ударите продолжувале во бранови со часови, за наутро, околу 7 часот, Русија да испука нова серија проектили, меѓу кои и хиперсоничните „Кинжал“ ракети – една од најмоќните во арсеналот на Москва.

Тешки разурнувања на повеќе локации

Штета е регистрирана во најмалку шест делови на градот: Свјатошински, Дњипровски, Дарницки, Шевченковски и Соломенски реон. Во неколку висококатници целосно се уништени горните катови, а други објекти се оштетени на пониските нивоа. Избувнале најмалку шест пожари, и пожарникарите со часови работеле на нивно локализирање.

Спасувачки акции и жртви

Спасувачките тимови ја минале целата ноќ пребарувајќи ги урнатините. Телото на загинат маж било пронајдено под рушевините во Свјатошинскиот дел на градот, потврди шефот на регионалната воена управа, Тимур Ткаченко. Градоначалникот Виталиј Кличко информираше дека осуммина повредени се хоспитализирани, меѓу нив и дете од Шевченковски реон.

Големи прекини во струја и вода

По утринскиот бран напади, западниот дел на Киев останал без електрична енергија. Екипите за итни интервенции работат на стабилизирање на мрежата. На десниот брег на Дњепар е забележан и намален притисок на водоснабдувањето.

Нападите ја погодиле и околината на Киев

Во поширокиот регион се повредени најмалку две лица. Во Бровари е оштетена деветкатница, а гувернерот Микола Калишник пријави уништени семејни куќи и околу дваесет гаражи.

Русија редовно изведува масовни ракетни и дрон-напади врз украинските градови, често таргетирајќи цивилна инфраструктура. Само пред неколку дена, во сличен напад врз Киев загинаа седум, а беа повредени околу 20 лица.

Advertisement

Свет

Американски документ предупредува: Европа на раб на исчезнување за 20 години

Во најновата Национална безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави, администрацијата на претседателот Доналд Трамп изнесува остри критики кон Европската Унија, миграциските политики и политичките процеси на континентот, предупредувајќи на можни длабоки културни и општествени промени во наредните 20 години.

Документот од 33 страници наведува дека економските тешкотии со кои се соочува Европа се „засенети од далеку посериозната можност за цивилизациски пад“. Во него се посочува дека ЕУ и други транснационални институции, преку ограничување на политичките слободи и суверенитетот, креираат услови за продлабочување на кризите.

Како главни проблеми се издвојуваат миграциските политики што „го трансформираат континентот“, падот на наталитетот, загрозувањето на националните идентитети и, како што се наведува, зголемениот притисок врз слободата на говор и политичката опозиција.

Според медиумот „Политико“, ваквата реторика е блиска до ставовите на неколку европски крајнодесничарски партии, со кои администрацијата на Трамп воспоставила сѐ поголема идеолошка синхронизација. Во стратегијата директно се охрабрува „растечкото влијание на патриотските европски партии“, кое се опишува како „извор на оптимизам“.

Во документот се повторуваат и тези поврзани со т.н. теорија за „Голема замена“, предупредувајќи дека дел од европските земји „би можеле да станат претежно неевропски“ во следните децении.

И покрај предупредувањата, стратегијата истакнува дека Европа останува „културно и стратешки важна“ за САД. Претседателот Трамп во воведната белешка документот го опишува како „мапа на патот“ за зацврстување на американската глобална позиција.

Новата стратегија, како една од ретките формални надворешнополитички презентации на администрацијата, може да влијае врз распределбата на буџетите и дефинирањето на приоритетите во американските државни институции во следниот период.

Извор: Локално.мк

Continue Reading

Свет

ПЕТ ДРОНОВИ ПРОБИЈА ВОЕНА ЗАШТИТА – АЛАРМ ВО ФРАНЦУСКА НУКЛЕАРНА БАЗА!

Синоќа вистинска драмa се одвиваше над поморската база Île Longue, едно од најчуваните стратешки упоришта на француската нуклеарна одбрана, кога пет дронови го нарушија воздушниот простор и ги активираа алармите за вонредна опасност. Морнаричките единици веднаш отворија оган во обид да ги пресретнат леталата, јавува Le Parisien, а целиот инцидент моментално е под истрага.

Дроновите биле забележани околу 19:30 часот, кога бил активиран специјалниот систем за борба против беспилотни летала. Портпаролот на поморскиот префект на Атлантикот, капетанот Гијом Ле Расл, соопшти дека станува збор за мали, ненаоружани модели кои „не биле во воен контекст“, но потврди дека прелетот претставува сериозно кршење на безбедносниот протокол. Тој додаде дека најверојатно целта била „вознемирување на локалното население“, а не напад врз чувствителната инфраструктура.

Инцидентот се случил во ноќ на супермесечина, кога видливоста била исклучително висока – што дополнително го олеснило откривањето на беспилотните летала.

Базата Île Longue е центар на француската нуклеарна моќ и дом на четири балистички нуклеарни подморници (SNLE), од кои барем една е постојано на море, подготвена за одвратен удар. Комплексот го чуваат околу 120 поморски жандари и специјализирани морнарички стрелци.

Иако вакви упади се строго забранети и ретки, воените служби признаваат дека ова не е прв случај. Пред неколку недели, дрон бил забележан над полуостровот Крозон, но тогаш не навлегол во забранетата зона.

Министерката за вооружени сили, Кетрин Вотрен, потврди дека случајот е предаден на военото обвинителство во Рен. Се води истрага со цел да се идентификуваат лицата кои стојат зад овој смел и потенцијално опасен упад во најчуваната воена зона во Франција.

Јавноста со нетрпение ги очекува резултатите од истрагата – и одговорот на прашањето: кој и зошто испрати дронови над нуклеарно „светилиште“?

Continue Reading

Свет

ФИФА со ново признание – Наградата за мир му припадна на Доналд Трамп

Најдобрите фудбалски репрезентации наскоро ќе ги дознаат противниците за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а Македонија сè уште има шанса преку европскиот бараж да обезбеди пласман.

Глобалната фудбалска смотра ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови домаќини. Ова ќе биде прво Светско првенство во проширен формат со 48 репрезентации, распоредени во 16 групи од по три селекции, од кои првите две ќе продолжат во осминафиналето.

Свечената церемонија беше отворена од легендарниот италијански тенор Андреа Бочели, по што на сцената се појавија водителите Хајди Клум и Кевин Харт. По нив се обрати претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој ја искористи приликата официјално да му ја додели на американскиот претседател Доналд Трамп нововоспоставената Награда за мир.

Во образложението беше наведено дека Трамп одиграл значајна улога во процесите за наводно помирување меѓу Израел и Палестина, како и меѓу Србија и Косово.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг