Connect with us

Балкан

Србија под притисок: Рафинеријата НИС ќе биде затворена од вторник

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека рафинеријата на Нафтена индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник. Тој истакна дека државата ќе мора да „снаоѓа на различни начини“ за да ја надомести состојбата.

Вучиќ ги повика граѓаните да останат мирни, нагласувајќи дека државата има „доволно решенија и доволно пари“ за да се справи со кризата. Тој најави дека вечерва ќе се обиде да оствари дополнителни разговори со американската страна, но додаде дека не очекува тие да ја променат својата одлука. За утре најави важен состанок на кој треба да се најде решение за проблемите, додека Србија се уште се соочува со „тешка борба“.

Претседателот истакна дека не ја разбира логиката на американската страна и дека повеќе не очекува да добие лиценца од нив, што значи дека рафинеријата мора да се затвори.

Вучиќ додаде дека Србија им пренела на Американците дека ги почитува санкциите и дека е подготвена да ја промени сопственоста во НИС во рок од педесет дена, со државни гаранции. Тој нагласи дека ниту американската ниту руската страна не брзаат со одлуките, при што Русите се фокусирани на заштита на својот имот.

Претседателот заклучи дека ситуацијата е „многу тешка“, но увери дека проблемите ќе бидат решени и повтори дека граѓаните не треба да се грижат.

Advertisement

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг