Connect with us

Свет

Путин знае дека војната нема да ја добие на бојното поле. За него вистинскиот успех е нешто друго

Повеќе од три години по почетокот на руската инвазија на Украина, Западот влегува во нова фаза на дипломатска активност, додека украинските и американските делегации се обидуваат да го усогласат мировниот предлог кој во првата верзија беше во корист на Русија.

Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп патува во Москва за разговори со Кремљ, додека аналитичарите предупредуваат дека Владимир Путин не го води овој конфликт заради освоени територии. Неговиот вистински цел е засилување на улогата на Русија во регионот и обезбедување на клучна позиција во идната европска безбедносна архитектура.

И покрај огромните загуби на руската армија, Путин смета дека има стратешки моментум, не на бојното поле, туку преку политичките импликации на долготрајниот конфликт. Русија модернизирала дел од командните структури, се потпирала на Иран, Кина и Северна Кореја, и развила дронови, но тоа не довело до пресуден пробив на фронтот.

Путин не го мери успехот во освоените километри. Во неговата стратегија, војната е алатка за враќање на Русија како неизбежен актер во европската политика. Дури и минималните теренски придобивки служат како доказ за „неизбежна руска победа“, што според него создава притисок врз Западот да преговара и да прифати компромиси.

Дипломатските разговори меѓу САД и Украина во Флорида се фокусираат на можни територијални договори, безбедносни гаранции и распишување на нови украински избори, додека претставници на Белата куќа наскоро ќе отпатуваат за Москва за разговори со Путин.

Новите американски предлози се обидуваат да ги усогласат украинските ставови, но територијалните и политичките разлики остануваат главната пречка. Путин инсистира на повлекување на украинските сили од Донбас, додека Украина тоа го смета за капулцијација и отворен пат за понатамошна руска агресија.

Според аналитичарите, вистинската цел на Кремљ не е територија, туку долгорочна дипломатска и политичка предност која ќе ја врати Русија како неопходен партнер во дефинирањето на идниот поредок на Европа.

Advertisement

Свет

Украина и САД во сериозен дијалог за прекин на конфликтот со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес соопшти дека имал долг и значаен телефонски разговор со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, посветен на прекин на војната во Украина.

Во разговорот учествувале и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андреј Гнатов. Зеленски нагласи дека биле разгледани клучните чекори за гарантирање крај на крвопролевањето и отстранување на заканата од нова руска инвазија, како и ризикот Русија да не ги исполни своите ветувања.

„Украина е решена да продолжи со искрена соработка со Соединетите Американски Држави за вистински воспоставен мир. Се договоривме за следните чекори и формати за разговори со Америка. Благодарност до претседателот Доналд Трамп за интензивниот пристап кон преговорите“, изјави Зеленски на Телеграм.

Continue Reading

Свет

Макрон: Русија продолжува со ескалација и избегнува мир во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Русија е „заробена во стратегија на ескалација“ и дека „не бара мир“, реагирајќи на новите напади на руските сили врз украинската инфраструктура, во кои беа повредени осум лица.

„Ги осудувам најостро масовните напади насочени кон Украина, особено кон енергетската и железничката инфраструктура. Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме на мир“, напиша Макрон на Платформа X.

Тој најави дека во понеделник ќе отпатува за Лондон за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц, на која ќе се разговара за ситуацијата во Украина и тековните преговори под американско посредништво.

Continue Reading

Свет

Орбан предупредува: ЕУ се подготвува за конфликт со Русија до 2030 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека Европската унија донела политичка одлука да се подготви за војна со Русија до 2030 година, истакнувајќи дека Унгарија ќе направи сѐ за да го спречи таквото сценарио. Тој ги изнесе овие ставови на состанок со активисти на неговата партија Фидес – Унгарска граѓанска унија во Кечкемет, предупредувајќи дека Европа влегува во „опасна фаза“.

Според Орбан, сигналите од Брисел кои се однесуваат на продолжувањето на конфликтот во Украина и потенцијалната директна конфронтација со Русија треба да се сфатат многу сериозно. „Војната е пред нашите врати; политички е неизбежна. Европските лидери решија дека Европа ќе влезе во војна и треба да бидеме подготвени за тоа до 2030 година“, рече тој.

Орбан го објасни процесот на ескалација во четири фази: прекин на дипломатски односи, воведување економски санкции и прекин на соработка, премин кон воена економија и, на крај, директна конфронтација. Тој нагласи дека одговорот на Унгарија на сите овие фази е категорично „не“.

Премиерот додаде дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува американскиот мировен план и да се спротивставува на притисоците од Брисел, кои, според него, ја водат Европа кон воен судир со Русија. Орбан ги повика граѓаните да ја поддржат партијата Фидес на парламентарните избори во април 2026 година за земјата да може да се „тргне настрана“ од, како што посочува, опасните воени планови на ЕУ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг