Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Борисов: ГЕРБ е спремна за предвремени избори доколку буџетот не биде изгласан

by Уредник
03.12.2025
in Uncategorized
Борисов: ГЕРБ е спремна за предвремени избори доколку буџетот не биде изгласан

Бугарската владејачка партија ГЕРБ денеска објави дека е подготвена да се соочи со предвремени парламентарни избори, откако низ земјата избувнаа масовни протести, а претседателот Румен Радев побара итна оставка од владата поради неуспехот да се изгласа буџетот за 2026 година.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на Фејсбук порача дека повеќе нема да толерира, како што ги нарече, „неразумните барања“ поврзани со предложениот буџет. Тој им порача на политичките партнери дека треба или да формираат стабилно мнозинство од 121 пратеник за подготовка на нов буџет, или земјата да се упати на нови избори.

Ова е прва негова јавна реакција по големите антивладини демонстрации против предложениот буџет за следната година, пренесува Радио Бугарија.

Протестите – кои ги предводат опозициските партии, синдикатите и граѓанските иницијативи – бараат оставка од владата, а претседателот Радев предложи распишување предвремени избори како начин за надминување на политичката блокада.

Денеска, бугарскиот парламент треба да го разгледа повлекувањето на предлог-буџетот во евра, како и иницијативата на претседателот за одржување референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Владата веќе го повлече буџетот по масовниот протест во Софија, каде што десетици илјади граѓани се спротивставија на предвидените промени – зголемување на даноците и придонесите во приватниот сектор и пренасочување на повеќе средства кон државните институции.

Протестни маршеви се одржаа и во повеќето големи градови, меѓу кои Варна, Пловдив, Бургас, Стара Загора и Русе. На неколку места дојде до тензии меѓу демонстрантите и полицијата, која ги обезбедуваше канцелариите на владејачките партии. Во Варна, присуството на групи навивачи дополнително ја зголеми нервозата, иако организаторите ги повикаа да избегнуваат провокации и насилство.

Next Post

Игор Николоски назначен за заменик градоначалник на Прилеп

Борисов: ГЕРБ е спремна за предвремени избори доколку буџетот не биде изгласан

Американските пратеници ненадејно ја откажаа средбата со Зеленски – Москва тврди дека се враќаат директно во Вашингтон

Препорачани Вести

Сиљановска Давкова за резолуцијата на САД во ОН: Добро постапивме

11 months ago
ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]

Полицијата апси на Денот на независноста – Детали

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.