Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вицепремиерот Николоски присуствува во Брисел на „Самитот ЕУ–Западен Балкан 2025“

by Уредник
2025/12/04 07:47:45
in Uncategorized
Николоски: Со осмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во дводневна работна посета на Брисел, каде денес ќе учествува на „Самитот ЕУ–Западен Балкан 2025“, организиран од тинк-тенк организацијата „Пријатели на Европа“. Утре, пак, ќе биде дел и од Министерскиот совет на Транспортната заедница. Вчеравечер Николоски присуствуваше на прием посветен на учесниците на самитот, исто така во организација на „Пријатели на Европа“.

Во објава на Фејсбук, тој нагласи дека учествува на настан посветен на проширувањето на Европската унија, при што имал „плодни средби и разговори во интерес на Македонија“.

На форумот Николоски ќе говори на првиот панел насловен „Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“. Во дискусијата ќе учествуваат и претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ, албанскиот премиер Еди Рама, молдавската вицепремиерка Кристина Герасимов и поранешниот еврокомесар за проширување Стефан Филе. Според најавата, панелот ќе се занимава со променетото геополитичко опкружување и растечкото значење на Западниот Балкан во контекст на европската безбедност.

Организаторите укажуваат дека, со војната во Украина, променетите приоритети на САД и засиленото кинеско влијание, прашањето за проширувањето станува поитно и покомплексно. ЕУ, велат тие, се насочува кон „геополитичко проширување“, што подразбира премин од технички кон стратешки подход. И понатаму, меѓу главните дилеми се дали Унијата ќе ја стави стабилноста пред строгите критериуми на пристапниот процес и дали регионот може да ги надмине сопствените слабости за да го искористи моментот.

Во најавата се посочува и растечкиот ангажман на надворешни актери, како Русија и Кина, врз политичките и економските процеси во регионот, што дополнително го комплицира процесот на проширување. Покрај овој панел, на настанот ќе се одржат и сесии за инвестиции, економски развој и реформи во правосудството.

Годината 2025 се потенцира како пресвртна за европското проширување, земајќи ги предвид глобалните потреси, новата администрација во САД, изборните процеси во неколку земји од регионот и актуелните политички случувања.

„Самитите ЕУ–Западен Балкан“ што ги организира „Пријатели на Европа“ претставуваат годишни платформи за размена на ставови меѓу политички лидери, експерти, бизнис-секторот и граѓанското општество.

Утре Николоски ќе присуствува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, каде ќе реферира за транспортните политики на земјава, напредокот на клучните инфраструктурни проекти на коридорите 8, 10 и 10-д, како и за мерките за олеснување на транспортните и трговските текови во регионот. Состанокот ќе го води еврокомесарот за одржлив транспорт Апостолис Ѕиѕикостас, а ќе учествуваат министри и претставници од повеќе европски држави.

За време на посетата, Николоски ќе има и дополнителни средби со претставници на Европската комисија.

Next Post
ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

ЕУ најавува полесни правила за генетски изменета храна на европските пазари

Барања за оставки и предвремени избори: масовни протести низ Бугарија со повици за „буџет за граѓаните, не за олигарсите“

Препорачани Вести

Видовден во Белград: Протест што ги разбуди граѓаните и го подели општеството

6 months ago

Македонија гори: 15 пожари беснеат, Готен сè уште не е под контрола – стигнува странска помош

5 months ago

Популарни Вести

  • Над 10.000 турски државјани аплицирале за македонско државјанство во последните четири години

    Над 10.000 турски државјани аплицирале за македонско државјанство во последните четири години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студен бран на крајот од декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студено утро и сончев ден со силен ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косово повторно гласа: Предвремени избори во сенка на длабока политичка криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските ракометари на проверка против Хрватска пред ЕП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.