Connect with us

Инфо +

Пострашно и од транзицијата: Економијата во “Нок – даун”

Македонската економија е во нок-даун!!!
Македонската Влада појма нема како да се справи со економските последици од кризата…

За само 14 месеци во Македонија изгубени се 55.199 работни места!
Оваа економска трагедија е на рангот на приватизацијата и транзицијата (која исто така СДСМ ја управуваше) во деведесетите години…

Ова го анализира екс пратеникот Илија Димовски врз основа на официјална статистика.

“Во јануари 2020 година 104.409 лица биле невработени (според владината Агенција за вработување)…
Во февруари 2021 година бројот на невработени се искачил на 159.608 лица…

Да сме сериозна држава, би се направило анализа на тоа во кои сектори и каков тип на работни места се изгубени…
Би се направило и анализа за тоа кои сектори се најдобри и би можеле со мала помош да го зголемат својот обем на вработување…

Во сериозна држава овие бројки на невработени би биле прв и најсилен индикатор за креирање на економски политики…
Овие бројки значат:
– социјални трауми на илјадници семејства;
– проблеми со исплата на кредити;
– проблеми со образование на децата во овие семејства;
– проблеми со обезбедување на скапи здравствени третмани и лекови;
– зголемен криминалитет;
– зголемена потенција за иселување на работна сила од Македонија;
– намален БДП;
– намалена наплата на даноци и други приходи во Буџетот;
– намалени приходи на Фондот за здравство и Фондот за пензиско;
– намалени (најверојатно) производство, услуги, извоз и бруто-инвестиции…

Владата е должна да прекине со:
1. Непродуктивни трошоци;
2. Криминални тендери;
3. Непродуктивни и скапи вештачки вработувања во администрацијата;
4. Расфрлање со пари од Буџетот за ефтини политички поени;

Владата е должна да:
1. Направи ребаланс на Буџетот;
2. Прекине со прекумерното непродуктивно задолжување;
3. Драстично да ги намали непродуктивни трошоци;
4. Направи реформа на пензиското и здравственото осигурување;
5. Да ги зголеми капиталните трошоци;
6. Да им помогне на компаниите кои имаат потенцијал за отворање на нови работни места;
7. Да укине најмалку 100 државни непотребни институции;
8. Да ја продолжи политиката на привлекување на странски инвестиции (спроведувана од претходната Влада);
9. Да направи реформа на политиките за трговија (увоз и извоз) на земјоделски прозиводи;
10. Да направи програма за силна поддршка на малите и средни претпријатија (фамилијарни и мали бизниси);
11. ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА!

П.С. Оваа Влада нема ниту знаење, ниту капацитет за да научи што значи економија, инвестиции, вработувања и работни места…
П.П.С. Ако не ја памтите транзицијата, сега ќе видите што значи економско цунами после владеење на СДСМ…”, пишува Димовски за застрашувачките состојби.

Балкан

Грчките земјоделци протестираат во Солун – граничните премини кон Македонија засега отворени

traktor

Земјоделските протести во Грција денес го достигнуваат својот врв и најдраматичен чин – со голем протестен собир закажан на пристаништето во Солун.

Стотици трактори, автобуси и моќна земјоделска механизација од претходно поставените пунктови веќе се движат кон главниот град на Егејска Македонија. Организаторите најавуваат „симболична опсада“ на пристаништето, планирајќи да го блокираат на неколку часа, испраќајќи јасна и гласна порака до Владата во Атина.

И покрај тензијата, според последните информации, граничните премини Евзони и Ники кон Македонија засега ќе останат отворени. Сепак, неизвесноста виси во воздухот: по завршувањето на собирот, на состанокот на земјоделците ќе се „крши копјето“ за тоа дали подоцна во текот на денот повторно ќе се активираат блокади на границите.

Додека Солун се подготвува за протестниот спектакл, блокадите продолжуваат низ цела Грција. Најголемиот удар е зададен во централниот дел на земјата: Автопатот Солун–Атина е целосно затворен кај Никеа, во близина на Лариса. Оваа клучна сообраќајница е парализирана, а возилата се пренасочуваат по алтернативни, мачни правци.

Земјоделскиот гнев, кој ескалираше на 30 ноември, е директна реакција на алармантно зголемените производствени трошоци, мизерните откупни цени и нерешените проблеми со европските земјоделски субвенции. Нивното ултимативно барање е јасно: итна исплата на сите заостанати субвенции.

Владата, од своја страна, соопшти дека е отворена за дијалог и повика да се формира делегација која ќе биде примена на средба на високо ниво.

Комитетот за национална координација на протестите најави нов, клучен состанок за сабота, на кој ќе се дефинираат следните, радикални чекори.

Continue Reading

Свет

„Војната не е далеку“ – ново силно предупредување од Лондон

Британските воени и разузнавачки власти предупредија дека Европа мора да биде подготвена за сериозна безбедносна криза, откако министрите и воените началници истакнаа дека заканите драматично се зголемуваат.

На отворањето на новата Британска воена разузнавачка служба (МИС) во базата на Кралските воздухопловни сили Вајтон, министерот за одбрана Ал Карнс изјави дека „сенката на војната тропа на вратата на Европа“. Тој нагласи дека НАТО сојузниците мора да бидат подготвени да реагираат, бидејќи континентот веќе не се соочува со „војни по избор“, туку со „војни од нужда“, како што ја опиша руската инвазија врз Украина.

Началникот на Одбранбената разузнавачка служба, Адријан Берд, откри дека непријателската разузнавачка активност насочена против британскиот воен персонал и инфраструктура пораснала за повеќе од 50% во изминатата година, главно од Иран, Кина и Русија.

Новата служба МИС ќе ги обедини разузнавачките капацитети на Британската армија, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили со цел побрза размена на информации — препорака од Стратешкиот одбранбен преглед. Во рамки на базата ќе функционира и новата Единица за контраразузнавање за одбрана, задолжена за спречување странски влијанија врз опремата, системите и персоналот.

Во Вајтон веќе работи и Pathfinder – најголемиот разузнавачки центар во рамките на сојузот „пет очи“. Персоналот ќе следи широк спектар податоци: од сателитски снимки и материјали собрани од беспилотни летала до информации од агенти на терен.

По критичкиот извештај на Комитетот за одбрана за подготвеноста на Велика Британија за потенцијален конфликт, Карнс увери дека реорганизацијата ќе помогне „одвраќањето да биде апсолутно безгрешно“.

Тој ја повика и британската јавност да ја сфати сериозноста на ситуацијата, бидејќи надворешните закани директно влијаат врз секојдневниот живот – од цените на храна и гориво до буџетските трошоци.

Предупредувањата доаѓаат по сличниот апел на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој во Берлин изјави дека „Русија ја врати војната во Европа“ и дека земјите мора да бидат подготвени за предизвици налик на оние што ги поминале претходните генерации.

Дополнително, високите претставници признаа дека земјата се соочува со сериозни проблеми во регрутирањето кадар за разузнавачките служби. Министерката за ветерани, Луиз Сандер-Џонс, посочи дека состојбата мора итно да се промени, бидејќи резултатите во последните години не ги исполнуваат очекувањата.

Continue Reading

Свет

Трамп: Ќе ја пресечеме дрогата од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се подготвуваат да започнат операции насочени кон копнените маршрути преку кои, според Вашингтон, се пренесуваат пратки со дрога од Венецуела кон северноамериканскиот континент.

Во последните недели Трамп неколкупати јавно предупреди дека ќе нареди директни акции со цел пресретнување на кокатинските пратки што се движат по копнен пат. Во рамките на пошироката кампања против наркокартелите, американската армија веќе делува и во Карипското Море, каде што пресретнува пловила за кои постојат сомнежи дека се користат за шверц на дрога.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пак, тврди дека војната против наркокартелите е само прикритие за поширока геополитичка цел. Според него, вистинската намера на Вашингтон е да го смени режимот во Каракас и да стави рака врз богатите венецуелски нафтени ресурси.

Американската администрација засега ги отфрла ваквите обвинувања, но најавите за офанзива по копнените рути дополнително ги заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете земји.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг