Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Маестро Наум Петрески денес го слави својот роденден – легенда на македонската фолк музика

by Уредник
07.12.2025
in Uncategorized

Еден од највпечатливите и најавтентични гласови на македонската фолк сцена, Наум Петрески, денес го одбележува својот роденден. Роден на 7 декември 1966 година во Охрид, Петрески израснал во Лабуништа – местото кое силно влијаело врз неговата музичка идентификација и врз љубовта кон македонското фолклорно наследство.

Музичката приказна на Наум започнува уште во детството, а првиот јавен настап го имал на само седум години, претставувајќи ја Македонија на меѓународна фолклорна смотра во Загреб. Професионално во музиката влегува во 1990 година, а само една година подоцна го постигнува еден од најголемите успеси во историјата на Валандовскиот фестивал со песната „Има ли песна“, освојувајќи четири награди – од публика, жири, за интерпретација и награда за најдобар дебитант.

Својата кариера ја гради со бројни фестивалски настапи, концерти и турнеи ширум светот. Добитник е на десетици признанија, благодарници и плакети, а неговите песни одамна се дел од македонскиот музички идентитет. Меѓу најпознатите се „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“, „Љубов голема“ и многу други.

Петрески има остварено значајни дуети со некои од најголемите имиња на македонската музика – Виолета Томовска, Есма Реџепова, Сузана Спасовска, Росана Тодоровска, Зуица Лазова, па дури и со неговата ќерка Анастасија Петреска.

Еден од најзначајните проекти во неговата кариера е „Македонска чалгија“, во кој учествувал со 45 песни на шест албуми. Настапувал и на престижни настани во странство, меѓу кои отворање на македонски културни центри и настап во Сиднејската опера.

До денес има издадено две касети и три студиски албуми, како и заедничко издание со етно групата Синтезис. Неговите солистички концерти, од првиот во 1992 година до последниот во 2022, секогаш предизвикуваат огромен интерес.

Наум Петрески е оженет со фолк пејачката Зуица Лазова, со која живее во Скопје.

Редакцијата му посакува долг живот, здравје и уште многу убави песни што ќе ја збогатуваат македонската музичка традиција.

Next Post

Командантот Сирски: „Нема предавање територија – борбата продолжува во Покровск“

Нема бесплатен влез во ЕУ – граѓаните ќе мора да имаат документ: МВР најавува информации за новите правила

Табановце и Дојран со големи утрински гужви, магла го отежнува сообраќајот кон Попова Шапка и Пресека

Препорачани Вести

Полицијата вчера напишала 622 казни, 111 за брзо возење

Полицијата почна да одзема возила

11 months ago
Илон Маск во битка за старателство за синот – „Нејзините зборови звучат како дека сака да му го смени полот на нашето дете“

Илон Маск во битка за старателство за синот – „Нејзините зборови звучат како дека сака да му го смени полот на нашето дете“

2 weeks ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.