Основното јавно обвинителство во Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца осомничени за кривично дело убиство, согласно член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, како соизвршители, на 7 декември ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње. Според обвинението, жртвата била превезена од пред својот дом и однесена во куќата на осомничените во Неготино, каде избувнала расправија околу лични недоразбирања.
Потоа, жртвата била затворена во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот извршил убиство со еден истрел од огнено оружје.
По убиството, телото на жртвата било пренесено со количка до автомобил, однесено во атарот на селото Неготино, каде било спуштено во ископана дупка, запалено и покриено со земја, гранки и други предмети.
Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар за определување мерка притвор за двајцата осомничени.








