Пет лица од тетовското село Желино се осомничени дека физички нападнале 19-годишна девојка од истото село, соопшти СВР Тетово. Против нив е поднесена кривична пријава за кривичното дело „насилство“.
Станува збор за П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19). Инцидентот се случил на 26 септември 2025 година, по претходна расправија која ескалирала во физички напад.
Од полицијата информираат дека случајот е целосно расчистен и документиран, а натамошните мерки ќе ги одлучи надлежното обвинителство. Засега нема официјални информации за тежината на повредите на младата девојка.








![[ВИДЕО] Голем пожар во Дубаи: Итно евакуирани речиси 4.000 станари од облакодер](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-14-174141.png)

