Грчката полиција уапси 12 лица поради трговија со дрога во училиште во регионот Атика, меѓу кои шест се малолетници. Акцијата ја спровела Дирекцијата за безбедност на Атика, која открила организиран синџир за продажба на наркотични средства, јавуваат грчките медиуми.
Според информациите, осомничените продавале кокаин и хашиш, при што дел од нелегалните активности се одвивале во училишен објект. Надлежните соопштија дека дрогата била дистрибуирана и за време на петдневна училишна екскурзија.
Истрагата продолжува, а против уапсените ќе бидат преземени соодветни законски мерки.










