На 26.12.2025 година во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М. (44) од Тетово. Апсењето е извршено по претходна пријава дека околу 01:00 часот, пред угостителски објект во село Брвеница, тој заедно со уште неколку лица физички го нападнал Г.С. (48) од Брвеница.
На нападнатиот му биле нанесени телесни повреди, кои се констатирани во Клиничката болница Тетово. Осомничениот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.









