Со првиот ден од новата година кој паѓа на четврток, 1 јануари, 2026-та веднаш ќе ни даде повод за прв продолжен викенд. Следната година ветува повеќе можности за одмор и кратки паузи, благодарение на неработните денови кои се утврдени со Законот за празниците на Република Македонија.
Главни државни празници:
- Нова Година – 1 јануари, четврток
- Божиќ (православен) – 7 јануари, среда
- Рамазан Бајрам – 20 март, петок
- Велигден (православен) – 13 април, понеделник
- Денот на трудот – 1 мај, петок
- „Св. Кирил и Методиј“ – 24 мај, недела (односно 25 мај, понеделник)
- Илинден – 2 август, недела (3 август, понеделник)
- Ден на независноста – 8 септември, вторник
- Ден на народното востание – 11 октомври, недела (12 октомври, понеделник)
- Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври, петок
- „Св. Климент Охридски“ – 8 декември, вторник
За верските заедници:
- Православни граѓани ќе одморат на Бадник (6 јануари), Богојавление (19 јануари), Велики Петок (10 април), Духовден (29 мај) и Голема Богородица (28 август).
- Католици ќе празнуваат на Велигден (6 април), Празникот на сите светци (1 ноември) и Божиќ (25 декември).
- Муслимани ќе одбележат Курбан Бајрам на 27 мај.
Празници за заедниците во Македонија:
- Албанска заедница: 22 ноември – Ден на албанската азбука
- Српска заедница: 27 јануари – Свети Сава
- Ромска заедница: 8 април – Меѓународен ден на Ромите
- Влашка заедница: 23 мај – Национален ден на Власите
- Еврејска заедница: 21 септември – Јом Кипур
- Бошњачка заедница: 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците
- Турска заедница: 21 декември – Ден на наставата на турски јазик
Со такви денови за одмор распоредени низ целата година, 2026-та ќе биде вистинска прилика за кратки патувања, семејни собири и заслужени паузи од секојдневните обврски.










