Monday, December 29, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Од 1 јануари Брисел ги казнува загадувачите: забрана за дизели Еуро 5 и бензинци Еуро 2

by Redakcija
29.12.2025
in Свет
soobrakjaj

Од почетокот на 2026 година, сопствениците на постари автомобили во Брисел ќе мора да бараат алтернативи за своето секојдневно движење – градот воведува строга забрана за возила кои не ги исполнуваат новите еколошки стандарди. Според Регионалната агенција за животна средина, дизел возилата со Еуро 5 и бензинските автомобили со Еуро 2 повеќе нема да можат да влегуваат во градскиот регион.

Сопствениците на возилата кои ќе го прекршат правилото ќе добијат предупредувачко писмо, а доколку истата забрана ја нарушат двапати во рок од три месеци, ќе бидат казнети со 350 евра.

Оваа мерка е дел од стратегијата на Брисел за чист воздух, позната како ЛЕЗ (Low Emission Zone), која се воведува постепено. Иако Регионалниот парламент претходно одложи стапување во сила на забраната, Уставниот суд на Белгија ја поништи таа одлука и ја врати мерката на сила.

Забраната не се однесува само на автомобили – и мотоциклите со стандард Еуро 1 и Еуро 2 ќе бидат опфатени. Според агенцијата, околу 33.000 возила, или околу седум проценти од сите регистрирани возила во Брисел, ќе бидат погодени од првата фаза на ЛЕЗ.

Следната фаза е закажана за 1 јануари 2028 година, кога во градот ќе биде забрането движење и на дизел возилата со Еуро 6 и бензинските со Еуро 3, што значи дополнителен удар за сопствениците на постари автомобили.

Next Post
avion

Руските авиони тајно слетуваат во Ниш: Не се гледаат на Flightradar, „Српско-рускиот хуманитарен центар под сомнеж“

pari

Надворешниот долг падна за 106 милиони евра, но сè уште достигнува 4,49 милијарди

Препорачани Вести

Маркард Македонија слави една деценија успех: 10 години иновации, раст и партнерство

Маркард Македонија слави една деценија успех: 10 години иновации, раст и партнерство

7 months ago

Коњановски оствари средба со шпанскиот амбасадор 

2 months ago

Популарни Вести

  • Седлоски го комплетираше стручниот штаб на фудбалската репрезентација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворени граничните премини Богородица и Меџитлија за целосен сообраќај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Чаир – пример за солидарност и грижа за лицата со попреченост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една милијарда евра од меѓународните пазари за стабилност на јавните финансии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Годишен извештај на Македонско друштво “Илинден”-Tирана за 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.